Ohrid Red Cross - Mountain Rescue Service
Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид е волонтерска хуманитарна организација, која делува регионално на територија од пет општини.
18/04/2026
Регионална средба во Охрид: Институционално препознавање, финансиска поддршка и помала фрагментација за силни планински спасителни сл Потреба е помала фрагментација на планинските служби, но и што поголема политичка волја за да се има силна планинска спасителна служба, но и да се зајакне планинарс...
13/04/2026
16/01/2026
🚨 Евакуација на принудно слетан параглајдерист на Галичица 🪂❄️
Ова е првата интервенција на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид во 2026 година.
Во текот на вчерашниот ден, во 15:10 часот, оперативниот центар на ПСС доби повик од параглајдинг заедницата, со информација дека параглајдерист кој полетал од превојот Баба на планината Галичица, поради неповолни воздушни струења, не бил во можност да продолжи кон вообичаените слетишта на охридската страна.
Како резултат на тоа, тој принудно, но безбедно слетал на висорамнината Суво Поле, во централниот дел на Галичица.
Поради непроодноста на теренот, големите наноси од снег и значителната оддалеченост од најблискиот пристапен пат, беше побарана наша интервенција. Веднаш по добиениот повик, еден тим на ПСС со специјално теренско возило АТВ опремено со гасеници за движење во снежни услови се упати на терен.
Во ноќни услови, во 16:50 часот, спасителниот тим успешно стигна до параглајдеристот и истиот безбедно беше евакуиран и пренесен до возилото и неговите колеги со кои заедно изведувале летови на Галичица.
ℹ️ Апел за внимателност
Уште еднаш апелираме до сите љубители на планинските и воздушните авантури за зголемена внимателност во овој период од годината, имајќи ги предвид дополнителните фактори на ризик – краткиот ден, ниските температури и снежната покривка кои доминираат на планините.
Потсетуваме на неопходноста од:
почитување на правилата на планината,
користење соодветна и комплетна опрема,
поседување мобилен телефон со полна батерија, со цел навремено информирање на нашата служба во случај на потреба.
🏔️ На сите љубители на планините им посакуваме безбедни зимски авантури, а Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид останува подготвена да помогне секогаш кога објективните околности ќе го наложат тоа.
26/10/2025
Летен собир за усогласување на стандардните техники Убави моменти од летниот собир 2025 на НСПС!На овој собир, нашите членови ги усогласуваа и освежија знаења за стандардните техники за укажување прва помош, и...
04/10/2025
Strokovna ekskurzija GRZS v Makedonijo | GRZS Ob koncu septembra smo se člani Komisije za opremo GRZS, skupaj z dvema sodelavkama iz pisarne GRZS, odpravili na strokovno ekskurzijo v Severno Makedonijo, kjer smo se srečali s kolegi iz НСПС - Национален Сојуз за Планинско Спасување.
30/09/2025
Вистинско задоволство е да се соработува со колеги кои имаат големо искуство во областа на планинското спасување.
25/09/2025
🚁 Параглајдинг несреќа на Галичица
Вчера, околу 18:30 часот, Планинската спасителна служба доби повик од група параглајдеристи кои летале од падините на Галичица. Тие пријавија дека нивниот пријател, државјанин на Германија, од засега непознати причини доживеал тежок пад од поголема височина, на исклучително непристапен и карпест терен.
За голема среќа, тројца спасители на ПСС во тој момент престојуваа во планинарската куќа „Спиридон“, каде е лоцирана и спасителната станица на ПСС, опремена со специјализирана техничка опрема за интервенции во овој регион. Веднаш по дојавата, екипата за само 15 минути стигна до местото на несреќата, изврши имобилизација на повредениот и започна комплексен транспорт по стрмен и тежок терен. Дополнителна отежнувачка околност беа и ноќните услови во кои се одвиваше целата акција.
По повеќе од еден час напорна интервенција, во 20:20 часот, повредениот беше безбедно спуштен до асфалтниот пат кај превојот Баба, каде беше предаден на екипа на Итната медицинска помош од Охрид. Од таму, тој веднаш беше пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде, за жал, му беа констатирани фрактури на пет пршлени во долниот дел на рбетот.
На повредениот му посакуваме брзо и успешно опоравување 🙏, а на сите посетители на планината им упатуваме апел за претпазливост и одговорно уживање во преубавиот есенски амбиент на Галичица.
📍 Планинската спасителна служба ќе продолжи да биде на располагање за сите кои имаат потреба, но секогаш потсетуваме дека безбедноста треба да биде на прво место.
28/08/2025
Нека е честит денот на сите планински спасители!
🌍⛰️ ICAR – Меѓународен ден на планинското спасување
📅 28 август 1948 – пресвртница во историјата на планинското спасување
Токму овој викенд пред 77 години, пионерите на планинското спасување од различни земји се собраа на Вилден Кајзер (Австрија), по покана на Австрискиот алпинистички клуб. Тие разменуваа знаења, споделуваа искуства и ја поставија основата за тоа што во 1955 година официјално ќе стане ICAR – International Commission for Alpine Rescue.
👉 Денес ICAR е глобална мрежа составена од 123 организации-членки во 41 земја ширум светот.
Оваа мрежа е симбол на поврзување, соработка и заедничка посветеност кон највисоката мисија – спасување животи во планините.
🙏 Денес оддаваме почит на духот на солидарност и на неуморната посветеност на сите планински спасители, кои честопати ги ризикуваат своите животи за другите да бидат безбедни.
Ви благодариме за вашата храброст, пожртвуваност и заедништво!
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
Ulica Klenoec Br. 2a
Ohrid
6000