Life Academy

Life Academy

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Life Academy, Yoga studio, Улица Никола Тесла бр. 68, Bitola.

Да го промениме она што можеме да го промениме и да го прифатиме она што не можеме да го промениме.
Место за мотивација и инспирација.
Заедница каде секој е поддржан и информиран за настани и содржини што нè прават подобра верзија од себе. Добредојдовте на Facebook страната на Life academy.

Тука ќе Ве информираме за нашите редовни часови, настани, јин курсеви и работилници.

Формулар за запишување https://bit.ly/Life_academy

02/10/2026

Дали ја користите положбата за да се наместите да изгледате како за насловна страна, или го користите телото за да ја почувствувате положбата?

Кај естетскиот пристап во јогата, најважно е визуелното поставување на телото – се стремиме кон совршена форма и веруваме дека ако положбата изгледа убаво, тогаш ја правиме правилно.

Но, функционалниот пристап е спротивен: положбата е во служба на телото, а не обратно.

Целта на секоја положба не е естетско совршенство, туку создавање соодветен физиолошки предизвик за организмот. Ваша задача е едноставно да го најдете она место каде што ќе можете да се задржите, да ги опуштите мускулите и да останете без напор.

Водич ни е исклучиво функцијата: дали тоа е формата што дава најдобри резултати за вашата уникатна анатомија?

Оваа недела се посветуваме на принципите на функционалната јин јога и на откривањето на идеалната форма за вашето тело.

📅 Недела, 4.10.2026 г.
⏰ 19:15 – 20:15 ч. (терминот е пополнет!)

#битола #јинјога
#функционалнајога #правилнапоставеност #јогатанеезанасловнастрана

30/09/2026

Сигурно се мислите зошто воопшто остануваме неподвижни во една положба, како да немаме ништо поинтересно од тоа. Зошто сме бавни и чекаме да помине одредено време?

Оваа недела се враќаме на изворниот, традиционален пристап што го предавале Шивананда и Сатјананда:

Влегување во положба ➔ подлабоко мирување ➔ формална релаксација.

За разлика од современите брзи и динамични стилови, во класичната пракса има од 1 до 2 минути релаксација помеѓу секоја положба. Зошто? Затоа што на телото и умот им е потребно време целосно да го интегрираат и апсорбираат ефектот од претходната положба.

🔬 Што вели науката за ова?

Кога остануваме пасивно во една положба околу 5 мин., во нашите сврзни ткива се случува биомеханички феномен наречен „крип-ефект“ (прогресивно временско издолжување).

• Како функционира тоа? Под дејство на константен, умерен притисок, ткивата постепено се издолжуваат и омекнуваат. Исто како што секој материјал реагира на времето и оптоварувањето, така и фасцијата полека ја прилагодува својата структура.

• Привремена чувствителност и омекнување: За време на задржувањето во положбата, водата привремено се истиснува од ткивата, ги прави поприемчиви и омекнати. Ова создава карактеристично чувство на привремена чувствителност веднаш по излегувањето од положбата.

• Адаптација и рехидратација: Овој контролиран микро-стрес му дава сигнал на телото да го започне процесот на обновување. За време на паузата, свежа течност се враќа во ткивата и ги поттикнува клетките да изградат пофлексибилна и поотпорна фасцијална мрежа.

• Веднаш по излегувањето од положбата, во паузата помеѓу две положби го чувствуваме т.н. „ехо“ — суптилно струење, топлина и длабока хидратација низ целото тело.

Има нешто магично во традиционалната пракса.

📅 Недела, 4.10.2026 г.
⏰ 18:00 – 19:00 ч.

#битола #јинјога
#јогапракса #класичнајога #биомеханика

29/09/2026

Затоа што јогата е истражување на границите меѓу она што можеме и што не можеме да го направиме, во текот на целиот октомври, почнувајќи од 1-ви, секој втор ден ќе споделувам по една порака за подлабоко набљудување.

И си продолжуваме со истите термини од септември! 💙

Вибер канал: https://shorturl.at/cz6ps

28/09/2026

Бавната и интроспективна природа на овој стил ни овозможува навистина да слушаме... и ако сме подготвени, да откриеме некои важни вистини за себе.

Започнуваме со најгорниот слој, физичкиот. Го истражуваме патот до она што му годи на нашето тело и искрено се прашуваме: „Дали ова ми користи или не?“
Дали можеме да се ослободиме од сликата за „совршена положба“? Ако да, како? Ако не, зошто?

Потоа ги слушаме срцето и умот и се прашуваме: кои се пречките што ме спречуваат да живеам во мојата најдобра верзија? Од каде доаѓаат тие пречки? Дали има лекција што треба да ја научам, нешто што треба да го преработам, или можам едноставно да го означам како „стара приказна“, да признаам дека повеќе не ми користи и да го пуштам да си замине?

Јин јогата е многу повеќе од обично истегнување.

Таа е врвна пракса на самонабљудување, која ни помага да ја развиеме свесноста потребна за да чекориме понатаму по својот пат.

Дали сте подготвени да забавите, да почувствувате и навистина да слушнете?

📅 Недела
⏰ Термин 1: 18:00 – 19:00 ч.
⏰ Термин 2: 19:15 – 20:15 ч.

#Битола
#јинјога #свесност #интероцепција

25/09/2026

Како оние луѓе кои кога ве поздравуваат, ве гледаат само од аголот на очите, без дури да ја свртат главата во вашата насока. Оној поглед со доза на презир или супериорност, како да си мислат: „Што се замислува овој?“

Понекогаш веруваме дека живееме смирено: читаме длабока филозофија, се гордееме со сопствената скромност и мислиме дека ни оди сосема добро во нашиот затворен свет. Но, зад таа интелектуална изолација, честопати се крие отсеченост од светот, отсеченост од самите себе и длабока, очајна осаменост.

Тоа е сликата на еден неисполнет живот.

А ние не сакаме неисполнет, туку длабоко исполнет живот. Затоа, оваа недела физиолошки ќе ги вежбаме нозете на јин начин, а преку интероцепција ќе научиме како да бидеме посвесни, поприсутни и поисполнети во сопственото тело.

А и кога се поздравуваме со луѓето, сакаме да ја свртиме главата кон нив. Не сакаме да ги гледаме со презир, ниту пак да бидеме супериорни! 😉

📅 Недела, 27.9.2026 г.
⏰ 19:15 – 20:15 ч. (терминот е пополнет!)

#Битола
#јинјога #интероцепција #присутност #трансформација

23/09/2026

Дали знаевте дека според Дејвид Батлер и Мајкл Шејлок, средниот нерв може да се „лизга“ дури 10 до 15 см при специфични движења на раката?

Нервите не сакаат истегнување или притисок, но обожаваат да се лизгаат!

Со вежбите за неврална мобилизација, нежно го провлекуваме нервот напред-назад за да го ослободиме доколку е компресиран или „залепен“ поради лузни, воспалени ткива или коскени израстоци (шипци).

📜 Малку фасцинантна историја... Како луѓето порано гледале на нервите?

Денес знаеме дека нервите се цврсти како снопови од оптички кабли и функционираат на електрохемиски принцип. Во XVIII век, Луиџи Галвани преку познатите експерименти со жаби открил дека нервите се проводници за електрицитет. Но, пред тоа... верувањата биле сосема поинакви!

• 🏛 Античка Грција: Зборот „нерв“ доаѓа од neuron (тетива/жила). Аристотел мислел дека срцето е централниот орган и дека сите анатомски канали за чувство и движење (кои ги сметал за тетиви и крвни садови) водат и завршуваат во срцето. Но, Гален подоцна докажал дека сите нерви извираат од мозокот и ‘рбетниот мозок.

• 🕊 Животински дух: Порано се верувало дека низ нервите тече „чувствителна душа“ (животински дух) која управува со движењето — сè додека Галвани не докажал дека тие всушност спроведуваат електрицитет.

• 👨‍⚕️ XI век: Мастер Николаус од Салерно е меѓу првите што ги поделил нервите на моторни (за движење) и сензорни (за чувство).

📅 Недела, 27.9.2026 г.
⏰ 18:00 – 19:00 ч.

#Битола
#јинјога #невралнамобилизација #јогамакедонија #нервенсистем

22/09/2026

Во положбата „Отворено крило“, дланката не мора да биде во линија со рамото.

Функционалната цел е едноставно да се најде соодветно ниво на истегнување во внатрешната страна на раката и во градите. За некои луѓе тоа значи дека раката ќе биде поставена повисоко, а за други – пониско.

Во функционалниот пристап нема естетски правила.
Фокусот е на функцијата, а не на формата.

Секоја недела
18:00 – 19:00 | 19:15 – 20:15

#јинјога #Битола

21/09/2026

Јин јогата е безбеден простор за да забавиме, да се подружиме со себе и да се поврземе со сè што е околу нас и во нас.

Дали сте подготвени да внесете повеќе јин енергија во вашиот живот?

📅 Недела
⏰ 18:00 – 19:00 ч.
⏰ 19:15 – 20:15 ч.

#јин #јинјога #јога #Битола

18/09/2026

Никој друг на светот ја нема твојата генетика, твојот профил на ДНК, ниту точниот облик на твоите коски и еластичноста на лигаментите. Никој ја нема твојата историја на повреди, но ниту твоите победи.

Затоа, воопшто не е важно како изгледа положбата кај некој друг. Важно е само едно — како таа се чувствува во твоето тело.

Оваа недела се посветуваме на колковите и колената за да го истражиме клучното прашање: Каде е границата помеѓу удобноста и растот?

Различни ткива реагираат на различен стимул, затоа комбинираме два пристапи:

• Долготрајно статичко затегнување — за фасцијата, лигаментите и длабокото сврзно ткиво;

• Ритмички, повторувачки притисок и ослободување — за хидратација на ’рскавицата и исхрана на зглобовите.

Научи да го слушаш сопственото тело и да му го дадеш токму она што му е потребно за раст и здравје.

📅 Недела, 20.9.2026 г.
⏰ 19:15 – 20:15 ч. (терминот е пополнет!)

#Битола
#јинјога #лигаментиитетиви #фасција #хондроцити #јога #биомеханика #соматскодвижење

16/09/2026

Древните јогиски текстови често опишуваат одредени положби како „уништувачи на сите болести“. Поради ваквите традиционални ветувања, многу луѓе слепо се обидуваат да ги форсираат своите тела во форми кои едноставно не се наменети за нивната коскена структура.

Современата биомеханика покажува една сосема поинаква реалност: кога една положба се форсира без соодветна анатомија на колковите, таа не ги уништува болестите, но може да ги уништи колената.

Поентата на движењето никогаш не е да го оштетиме телото за да влеземе во некоја „совршена“ форма.

📅 Недела, 20.9.2026 г.
⏰ 18:00 – 19:00 ч.

#битола

#јинјога #биомеханика #соматскодвижење

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Bitola?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Address


Улица Никола Тесла бр. 68
Bitola
7000

Opening Hours

18:00 - 21:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Life Academy posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Subscribe

We will notify you when anything happens in Bitola.