TERA TV
На страната на гледачите 📺
www.tera.mk
Вашите коментари за информациите кои што ги објавуваме се добредојдени, но порталот Тера.Мк согласно својата уредувачка политика, го задржува правото да ги отстрани оние коментари кои содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба.
12/06/2026
Во ИЗ Жабени Битола фирмите плаќаат за пречистителна станица која не работи со години
Пречистителната станица во индустриската зона жабени подолго време не функционира. никој не ја поправа, а општината редовно пишува фактури на компаниите кои пак редовно си ја плаќаат услугата којашто не ја добиваат.
Пречистителната станица во Индустриската зона Жабени беше пуштена во употреба во март 2013 година. Тогаш истовремено беа ставени во функција и пречистителната станица и новата трафостаница, како дел од инфраструктурното доуредување на зоната. Инвестицијата за двата објекта изнесувала околу 1,8 милиони евра, пари од владата и општината. Со Трафостаницата стопанисува ЕСМ, со пречистителната – Битола преку својата индустриска зона. За неа беа потрошени 600 илијади евра.
Системот на пумпи што треба да ги црпи фекалиите е целосно исклучен, каналот под пругата низ кој врват непречистените фекални маси шири смрдеа од распаднат и наталожен билирубин, за што сведочат патниците на возот Битола – Жабени. На пругата којашто и зоната и жабени и нас како битолчани и граѓани на Македонија треба да не однесе во ЕУ.
НП „Пелистер“ за балансот меѓу заштитата и туризмот
Повеќе https://tera.mk/np-pelister-za-balansot-megi-zastitata-i-turizmot/
На Широк Сокак никнаа семафори (анкета)
12/06/2026
Пелистер ја почнува сезоната против Камјани, братското дерби со Новаци во октомври
Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија го објави календарот за натпревари во претстојната сезона од Втората македонска фудбалска лига.
Новата сезона започнува на 15 август, а првиот дел од шампионатот ќе трае до 21 ноември. По зимската пауза, првенството продолжува на 20 февруари следната година, додека последното коло е закажано за 22 мај.
Според распоредот, ФК Пелистер сезоната ќе ја отвори со натпревар против ФК Камјани, клуб од тетовското село Камјан. Натпреварот ќе се игра на 15 август и ќе биде првиот тест за битолчани во обидот за експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига.
Љубителите на фудбалот во Пелагонискиот регион особено ќе го очекуваат 9. коло, кога на 24 октомври ќе се одигра таканареченото братско дерби меѓу Пелистер и Новаци.
По испаѓањето од прволигашката конкуренција, пред битолскиот клуб стои нов предизвик, враќање во елитата, а распоредот веќе ги откри првите датуми кои ќе ја одбележат сезоната 2026/27 во Втората лига.
Наслов за веб: Пелистер тргнува од Камјани, дербито со Новаци на 24 октомври.
11/06/2026
Мини Трчај бе или мини донација за макси приходи?
Во пресрет на четвртото издание на детската трка „Мини Трчај бе“, одлучивме да поставиме неколку едноставни новинарски прашања. Најважното беше и најкратко: колкав е буџетот на настанот?
Одговорот, очекувано или не, не содржеше ниту една бројка.
Наместо буџет, добивме список со маички, медали, стартни пакети, торбички, подароци, фотографирање, видео продукција, волонтери, професори, атмосфера и „целосно спортско искуство“.
Па да се обидеме сами да пресметаме дел од приказната.
Според податоците објавени од организаторите, за годинашното издание се пријавени 719 деца. Со котизација од 700 денари, тоа значи дека само од учесниците се собираат повеќе од 500.000 денари.
❓Колкав е вкупниот буџет? Не знаеме.
❓Колку средства доаѓаат од спонзори? Не знаеме.
❓Колку чинат маичките, медалите и стартните пакети? Не знаеме.
❓Колку од средствата остануваат по завршувањето на настанот? Не знаеме.
Но, затоа знаеме нешто друго.
Според јавно достапните финансиски извештаи, Здружението „Трчај бе“ во последните три години бележи милионски приходи. Во 2023 година приходите надминале 4 милиони денари, во 2024 година надминале 6 милиони денари, а во 2025 година достигнале речиси 5,8 милиони денари.
Уште поинтересни се резултатите за добивката на крајот од годината.
Во 2023 година здружението прикажало добивка од над 1,3 милиони денари.
Во 2024 година добивката надминала 1,6 милиони денари.
Во 2025 година добивката надминала 2 милиони денари.
Не е лош биланс за организација која во јавноста најчесто се претставува како група ентузијасти што едноставно сакаат да ги мотивираат граѓаните да трчаат.
Истите тие организатори со гордост информираат дека годинава ќе донираат спортска опрема во вредност од 150.000 денари за сите основни училишта во Битола.
Секако, секоја донација е добредојдена.
Но, кога таа бројка ќе се стави во контекст на повеќемилионските приходи и повеќегодишните добивки, добиваме малку поинаква перспектива.
Донацијата од 150.000 денари претставува околу 7 проценти од добивката остварена само минатата година.
Или околу 2,5 проценти од вкупните приходи за истата година.
Со други зборови, додека јавноста слуша приказни за детска радост, заедништво и спортски дух, бројките раскажуваат и една друга приказна, за организација која многу внимателно ги истакнува своите донации, а уште повнимателно ги крие своите буџети.
Инаку, трките „Трчај бе“ ги организира Здружението на луѓе кои имаат желба за трчање ТРЧАЈ БЕ Битола. Според податоците од Централниот регистар на Република Северна Македонија, здружението е основано во 2018 година од шестмина, како што самите се нарекуваат, ентузијасти и вљубеници во трчањето, спортскиот дух и хуманоста.
Тоа се Никола Димитровски – адвокат во Адвокатското друштво Димитровски, Борче Димитровски – адвокат во Адвокатското друштво Димитровски и актуелен секретар на Општина Битола, Дарко Јанкуловски – адвокат во Адвокатското друштво Димитровски, Зоран Насков – основач на невладината организација „Светилник на надеж“, Љубица Ангелкова – ПР работник и Драги Филевски – стопанственик од Битола.
11/06/2026
Битолските јавни претпријатија и установи должат вкупно 2 милиони евра
Советниците во Општина Битола на претстојната седница ќе расправаат за завршните сметки и извештаи на јавните претпријатија и установи за 2025 година. Анализата на финансиските резултати покажува дека четири субјекти ја завршиле годината со загуба, додека шест прикажуваат позитивен финансиски резултат.
Најголема загуби има ЈКП „Водовод“ во износ од 53,87 милиони денари, веднаш зад него е ЈП „Комуналец“ со 53 милиони денари загуба. КЈП „Нискоградба“ ја завршило годината со минус од 20,8 милиони денари, а ЈП „Пазари“ со загуба од 2,25 милиони денари.
Вкупната загуба на овие четири субјекти достигнува 130 милиони денари.
Од друга страна, позитивен финансиски резултат прикажуваат шест институции.
Најдобар резултат има Домот за стари лица „Сју Рајдер“ со суфицит од 3,14 милиони денари. Следуваат МЈП „Пелалинк“ со 2,14 милиони денари, КИЦ Битола со 1,61 милион денари, ЈП за јавни паркиралишта со 536 илјади денари, ЈП „Жабени“ со 430 илјади денари и Зоолошката градина со 314 илјади денари позитивен резултат.
Вкупниот позитивен резултат на овие шест субјекти изнесува 8,18 милиони денари.
Кога ќе се споредат добивките и загубите, нето финансискиот резултат на десетте анализирани јавни претпријатија и установи е негативен и изнесува речиси 122 милиони денари.
Најголемиот дел од граѓаните не ги интересираат, ниту пак ги разбираат термините како „ликвидност“, „акумулирана загуба“, „краткорочни обврски“ или „побарувања“.
Она што ги интересира е дали ќе имаат поквалитетна вода, почисти улици, подобар јавен превоз, повеќе културни содржини, подобра грижа за старите лица и поквалитетни јавни услуги.
На крајот, секоја добивка или загуба се сведува на едно прашање – дали животот во Битола станува подобар или полош за граѓаните.
11/06/2026
Битолчанецот Балтовски в недела во одлучувачкото полуфинале на „Никогаш не е доцна“
Талентираниот битолчанец Илија Балтовски, кој веќе девет месеци ги освојува симпатиите на балканската публика, в недела ќе настапи во полуфиналето на музичкото белградско шоу „Никогаш не е доцна“.
Претпоследната емисија, во недела) всушност ќе биде и одлучувачка, кој од натпреварувачите ќе го „трча“ и последниот круг во финале.
„Прекрасното патување кое започна пред девет месеци, на 14 септември минатата година, полека се ближи кон крајот. На тоа патување поминав илјадници километри со мои драги луѓе, стекнав нови прекрасни пријателства, доживеав незамисливи искуства, а каде и да се појавев чувствував огромна поддршка од сите вас мои драги пријателки и пријатели. Ви благодарам од срце за тоа.. Во недела на 14.06.2026, после точно 9 месеци ќе настапам во полуфиналната емисија, која е и претпоследна од оваа сезона на шоуто "Никад није касно". Ќе биде како и секогаш забавно, интересно и неизвесно. Во недела ако имате можност и желба, гледајте, забавувајте се и уживајте, па кој знае, можеби патувањето ќе продолжи и до самиот крај, до финалето. Се гледаме во недела.“-порача денес Балтовски, заблагодарувајќи се до сите свои фанови и поддржувачи.
https://tera.mk/baltovski-vo-polufinale/
10/06/2026
БИТ ФЕСТ почнува, а буџетот за свеченото отворање засега останува тајна
Со свечено отворање започнува годинашното издание на БИТ ФЕСТ, најголемата летна културна манифестација во Битола. Но, наместо детали за програмата и финансиската конструкција на фестивалот, јавноста доби повеќе прашања отколку одговори.
Најновиот мјузикл на македонската театарска сцена поставен од режисерот Дејан Пројковски, по музика на Влатко Стефановски од албумот „Као Какао“ и текст на Венко Андоновски ќе биде главниот настан за свеченото отворање на битолското културно лето препознато како БитФест.
Денеска дел од продукцискиот тим со претставникот на продукциската куќа присуствуваа на прес конференцијата најавена и водена од директорот на Културниот и информативен центар ( КИЦ) Битола. Сепак, на прес-конференцијата по повод свеченото отворање, организаторите не соопштија колкав ќе биде конечниот буџет на фестивалот ниту како ќе се распределуваат средствата. Не соопштија ниту колку ќе ја чини установата свеченото отворање.
10/06/2026
Заборавен комунален проблем – привлекува инсекти и шири смрдеа
Во непосредна близина на станбени и деловните објекти од комплексот згради Пелагонка (1), зад густи грмушки и диво зеленило, со години пропаѓаат подземните гаражи. Снимките и фотките што денеска ги направи екипата на ТЕРА покажуваат алармантна соссотојба. Зад бујна вегетација, што го прави тешко видлив за минувуачите на улицата со светло име „Беласица“ се наоѓа скриен темен и поплавен простор исполнет со застоена вода и отпад.
Некој архитект проектирал бетонски скали кои од предниот дел на комплексот водат до подземниот простор. Денес се затворени со метални врати кои успешно го кријат поплавениот простор. Но не успеваат да го сокријат сметот на бетонските скали – најлончиња, шишиња, конзерви и друга амбалажа се наоѓа на скалите кои исто така сведочат за години невнимание и запуштеност.
Повеќе на: https://tera.mk/zaboraven-komunalen-problem-privlekuva-insekti-siri-smrdea/
Заборавен комунален проблем – привлекува инсекти и шири смрдеа - ТЕРА Неодамнешните дождови само ја потенцираа состојбата со подземниот паркинг во комплексот згради „Пелагонка“ (1), а силното сонце од денеска пак, смрдеата којашто с....
Роднините на убиената Ајнет Вејсел бараат правда и одговорност
Роднините на убиената Ајнет Вејсел бараат правда и одговорност по убиството кое пред извесно ја потресе Битола. Општеството да обрне внимание на жените кои трпат насилство, но и да спроведе казни за сторителите.
Ова денес го порачаа двајца братучеди на убиената Ајнет Весел, Бекир Велсеј и Сенад Датуовски, заедно со Менан Вејсел, татко на младата жена која трагично го загуби животот.
Нивните барања ги поддржа и граѓанската активистка и советничка во советот на општина Битола Софија Ристевска Петрушева, која пред неколку дена застана рамо до рамо со своите сограѓани Роми кои излегоа на мирен протест против фемицидот.
https://tera.mk/%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b0%d1%98%d0%bd%d0%b5%d1%82-%d0%b2%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%b5%d0%bb-%d0%b1%d0%b0%d1%80/
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Janko Paligora Bb
Bitola
7000