Body M
За сите информации: www.bodym.mk
Инстаграм: www.instagram.com/body_m
СЕ ЗАПОЧНА...
Пред точно 8 години, во 2005 година се отвори нашето студио. Основната дејност е давање на најсовремени козметички услуги. Нашето студио најнапред се простираше на површина од 25м2, и беа вработени две лица. По две години успешна работа, студиото се проширува на површина од 60м2, вработува дополнително четири лица, воведува нови техники на работа и нови апарати. Студиото е во приватна сопственост, каде управител е Милка Акимовска.
Покрај козметичките услуги нашето студио извршува малопродажба на козметички производи од реномирани производители.
Козметичкото студио работи од 09 до 20 часот секој ден освен во недела и државни и верски празници. Работиме според светски стандарди, а доказ за тоа се многубројни сертификати од кои поголемиот дел се интернационални, кои гарантираат за квалитетот на услигите и производите кои се употребуваат при третманите во нашиот салонот. Боди-М е исто така учествува, постојано на различни семинари и саеми за унапредување во полето на нашата работата.
Нашето студио вклучува:
- Оддел за третмани на лице. Опремен со најсовремена опрема. Апарати за комплетни третмани на лице, како вапозон лупа, столб со апарат кој содржи јонофреза, HF, вакум, ултразвук. Најново, донесен е најсовремен апарат за мезотерапија без игла (мезопорација или хирушки лифтинг) кој дава одлични резултати после првиот третман.
- Oддел за третмани на тело. Третмани за слабеење со апарати со електро симулации, кватанција, радиофрекфенца и третмани на д-р.Шо со што успешно се бориме против вишокот на килограми и целулитот.
- Оддел за депилација. Целосно опремен, каде при третманите се употребува топол и ладен восок во обзбедени и гарантирани најхигиенски услови без претопување на восокот. Со тоа се грантира максимална услуга и квалитет на нашите клиенти.
- Oддел за надградба на нокти. Се применуваат најсовремени техники за нега и одрживање на здрави нокти. Гелна техника, акрилна техника, траен лак од докажани производители како Magnetik, Astonishing и Opi. Педикир и маникир.
- Масажи за опуштање на вашето тело.
Посветеност, квалитет и врвна услуга, задоволни клиенти. Тоа е синоним за козметичкито студио Боди-М кое со воведување на нови техники и најсовремена опрема се стреми кон зголемување на својата дејност и привлекување на нови задоволни клиенти.
17/09/2026
БИТОЛА ОТСЕКОГАШ ИМАЛА ОКО ЗА УБАВОТО.
Можеби затоа токму овде започна приказната на Манакиевци.
И можеби затоа, кога ќе дојде фестивалот „Браќа Манаки“, целиот град изгледа филмски.
Доаѓаат филмаџии од целиот свет. Се палат рефлекторите. Се отвора црвениот тепих. Битола повторно станува место на средби, филм, стил и убави луѓе.
А ние во BODY M особено ги сакаме овие денови.
Минатата година кај нас поминаа дел од гостите и големите имиња на фестивалот. Меѓу нив режисерката Теона Стругар Митевска и француско американската актерка и уметница Loan Chabanol. Некои пред црвениот тепих, некои по долг ден со проекции и средби, некои едноставно за својот час мир сред фестивалската врева.
Овие фотографии нè потсетуваат на лани.
Но Битола веќе живее со новото издание.
Годинава фестивалот нè пречекува и со прекрасниот лик на Деспина Манаки, бабата на Јанаки и Милтон Манаки, во срцето на новиот визуелен идентитет. Убаво потсетување дека зад големите приказни секогаш постојат лица, семејни истории и нешто што останува многу подолго од еден кадар.
А новите гости?
Тие веќе се во Битола.
Ги среќаваме по градот. А некои од нив веќе го најдоа и патот до BODY M. Денес се зборуваше на многу јазици ка нас.
Календарот се полни. Ги чекаме старите познаници и новите лица. Жени и мажи. Пред камерата и зад неа.
Затоа што Битола знае да пречека убави луѓе.
А BODY M знае што да направи пред да се запалат светлата.
BODY M × БРАЌА МАНАКИ
BEFORE THE RED CARPET, THERE’S BODY M.
International Cinematographers' Film Festival MANAKI BROTHERS 🎥
04/08/2026
Повеќе од масажа. Револуција во обликувањето на телото.
Еден третман.
Без апарати.
Без агресивни техники.
Само раце, прецизни движења и методологија што го активира природниот лимфен систем.
Лимфомоделирањето е светски велнес тренд кој истовремено придонесува за:
• намалување на задржаните течности,
• подобрување на циркулацијата,
• намалување на чувството на тежина,
• поизразена силуета,
• поздрава и поеластична кожа.
Во Body M оваа револуционерна техника ја изведува Марија Каревска, лиценциран терапевт која својата едукација ја заврши во странство, совладувајќи една од најбараните техники за лимфомоделирањe, со посветеност кон секој клиент и секој третман.
Лимфомоделирањето е прецизна мануелна техника која бара знаење, искуство и сертифицирана обука.
Ова не е обична масажа.
Ова е третман кој ја стимулира лимфната циркулација, го намалува задржувањето течности, го поттикнува природниот детокс на организмот и придонесува за видливо подобра контура на телото.
Кога знаењето и техниката
Бидејќи убавото тело започнува со здраво тело.
📩 Резервирајте го вашиот термин.
26/07/2026
Научи ЛИМФОМОДЕЛИРАЊЕ во BODY M 👁️🗨️
Од септември започнуваме со професионални дводневни обуки за лимфомоделирање на тело и лице, техника што се изведува мануелно, по јасно дефинирани регии.
Во текот на обуката ќе работиме практично, чекор по чекор, со цел техниката да ја применувате правилно, сигурно и ефикасно.
По завршувањето добивате:
книга, видео материјал и континуирана менторска поддршка.
Пријавите се отворени од денес.
Бројот на места е ограничен.
Испратете ни порака во DM за сите детали и резервирајте го вашето место за септемвриската обука ✔️
23/07/2026
Постојат места каде доаѓаш за третман.
И постојат места од кои си заминуваш чувствувајќи се подобро отколку што си дошол.
BODY M 💜
18/06/2026
Нашата Соња Василевски, во интервју за Битолањус 🎙️
Sonja Vasilevska ♥️
Кога педикирот не е доволен: подологијата како современо решение за враснати нокти - Bitola News Проблемот со враснати нокти е многу почест отколку што се мисли. Болка при одење, воспаление, чувствителност, па дури и инфекции, сето тоа се симптоми кои често се иг...
04/06/2026
Слабеењето не е магија.
Тоа е одлука + правилна технологија.
Со M Sculpt, телото влегува во режим на акција:
се активираат мускулите, се троши локалната маст и формата почнува да се менува – брзо и прецизно.
Ова не е третман за „некогаш“.
Ова е за сега.
30 минути.
Фокусирана стимулација.
Реална промена што се гледа и се чувствува.
Слабеј паметно, не потешко.
Почни со резултати, не со изговори.
📩 Закажи консултација.
Телото знае. Ние го активираме.
Твој BODY M ▪️
22/05/2026
Саботите очигледно ќе изгледаат вака отсега.
07:00 пред BODY M.
Тивка Битола.
Една утринска „петка“ низ Парк со
Saturday Running Club • BODY M The Movement Club.
Потоа after во Училница.
Кафе.
MATCH протеински и овесни оброци.
Се гледаме и оваа сабота.
Бројката ќе расте.
Ние сме тука.
📷
20/05/2026
За нас, во медиумите 📣
BODY M влезе меѓу премиум GUINOT центрите на светско ниво (фотогалерија) - Bitola News Битола доби дестинација за убавина и нега со француски стандардиПостојат козметички салони. И постојат места што полека прераснуваат во вистински beauty destinations, спор...
20/05/2026
Во саботата…Имавме POP UP настан со Inspirit Styling.
И личеше на мало италијанско попладне во BODY M ✨
Во нашиот простор ги претставивме Patti B • рачно изработени ташни создадени од италијански занаетчии и жени кои сѐ уште веруваат дека стилот има душа, а не само лого.
Сакаме вакви колаборации.
Колаборации што не изгледаат како класичен sales event, туку како природно спојување на луѓе со сличен сензибилитет.
Во BODY M отсекогаш сме верувале дека убавината не завршува со третман.
Таа продолжува во начинот на кој живееме, што носиме, што поддржуваме и со каква енергија се опкружуваме.
Токму затоа ни се важни брендови што ги сакаме и приватно, а потоа ги споделуваме и со нашата заедница.
Благодарност до Inspirit Styling за прекрасната атмосфера.
Ова е само почеток на уште многу внимателно одбрани pop-up приказни во BODY M.
18/05/2026
BODY M официјално влезе на светската листа на premium GUINOT beauty центри✨
И можеби баш затоа нашиот GUINOT Open Day повеќе личеше на мало француско попладне, отколку на класичен beauty event.
Rosé, јагоди, skincare ритуали, glow атмосфера и жени што знаат дека негата не е луксуз, туку стил на живот.
Посебна чест ни беше присуството на д-р Маја Петановска од со која разговаравме за современа нега, естетика и важноста на професионалниот пристап кон убавината.
Признанието за premium GUINOT center се доделува само на внимателно селектирани beauty центри со високи светски стандарди за услуга, едукација и skincare expertise.
Фала ви што бевте дел од ова прекрасно попладне 💋
Dermaestetika doo Skopje ⭐️♥️
Guinot
фото |
Click here to claim your Sponsored Listing.
Telephone
Website
Address
Solunska 284
Bitola
7104
Opening Hours
| Monday | 09:00 - 19:00 |
| Tuesday | 09:00 - 19:00 |
| Wednesday | 09:00 - 19:00 |
| Thursday | 09:00 - 19:00 |
| Friday | 09:00 - 19:00 |
| Saturday | 09:00 - 16:00 |
Alerts
Be the first to know and let us send you an email when Body M posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.