PrilepInfo
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from PrilepInfo, Булевар Гоце Делчев бб, Prilep.
„Културен Инфо Центар“ поддржан од Влада на Република Македонија. Проектот предвидува промоција на културниот идентитет, заштита на културното наследство и развој на туризмот во Прилеп.
03/02/2026
ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНОСТА
Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“, организатор на фестивалот Prilep Jazz Weekend, ја информира јавноста дека Министерството за култура, по 14 години континуирана институционална поддршка, одлучи да не го поддржи фестивалот во годината кога требаше да се одржи неговото 15-то, јубилејно издание.
Оваа одлука не може и не смее да се третира како изолиран случај.
Prilep Jazz Weekend не е експеримент, не е моментален проект, не е лична иницијатива без континуитет. Тоа е фестивал со историја, со публика, со јасна програмска визија и со препознатлив културен идентитет, кој повеќе од една деценија ја гради културната слика на Прилеп и пошироко.
Затоа, логично се наметнуваат неколку прашања што заслужуваат јавен одговор:
👉 Дали културната политика на државата свесно оди кон централизација, со што систематски се укинуваат или маргинализираат културните настани во помалите градови?
👉 Дали континуитетот, квалитетот и публиката повеќе не се релевантни критериуми при распределбата на јавни средства?
👉 Дали комисиите што одлучуваат се навистина независни и стручни, или селекцијата се прави селективно, по неформални критериуми и под нечиј вкус, притисок или диктат?
Со вакви одлуки, културата надвор од главниот град не се развива – таа се гаси тивко, без објаснување и без одговорност.
Ова не е само удар врз еден фестивал.
Ова е порака до сите културни работници во внатрешноста дека нивниот труд е лесно заменлив или целосно небитен, без оглед на годините работа и резултатите зад себе.
Прашањето е едноставно:
👉 Дали Република Македонија сака жива, децентрализирана култура, или култура сведена на неколку локации, неколку имиња и неколку „подобни“ проекти?
Prilep Jazz Weekend ќе продолжи да постои затоа што зад него стои публика, идеја и упорност.
Но јавноста има право да знае зошто институциите се откажуваат од докажани културни вредности, особено кога тие доаѓаат однадвор од центарот.
Бараме транспарентност.
Бараме образложение.
Бараме одговорност.
Затоа што културата не смее да биде жртва на молк, бирократија и селективна поддршка.
Културата не е привилегија.
Културата е право.
И таа мора да биде достапна насекаде.
Здружение за субкултура
ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП
Организатор на Prilep Jazz Weekend
Прилеп, 03.02.2026г
23/01/2026
https://www.karnevalprilep.mk/pokanaprijavaprochka2026
Повелете пријава и покана за ПРИЛЕПСКИОТ КАРНЕВАЛ - ПРОЧКА 2026 — Прилеп
01/12/2025
„Младост 96“ доминира во женската суперлига – есенски прваци без ниту еден пораз Женската екипа на „Младост 96“ ја заокружи есенската полусезона со извонреден успех, освојувајќи го првото место во најсилната женска пинг-п
28/10/2025
Претставата Малата Сирена на танц студиото Зодијак на Кире Миладиноски на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани, кој повеќе децении ја негува театарската уметност, ја освои наградата за НАЈДОБРА ДЕТСКА ПРЕТСТАВА.
Тоа е само уште една потврда за огромниот вложен труд и љубов на Кире Миладиноски кон уметноста и кон воспитувањето на членовите на клубот и голема благодарност до него за успешното презентирање на Прилеп на сите нивоа.
Сакаме од сè срце да се заблагодариме на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани за организацијата, за топлиот пречек и за бесценетата можност да бидеме дел од оваа традиција која ја негува театарската уметност. Вашата поддршка и посветеност на аматерскиот театар се инспирација за сите нас.
Наградата за НАЈДОБРА ДЕТСКА ПРЕТСТАВА е потврда дека детскиот театар има значајна улога и заслужува големо внимание.
На крајот, благодарност и до сите луѓе од градот што покрај тажниот настан кој не се заборава никогаш, ни дадоа енергија и бар на еден час ги одведовме на друго поинакво морско магично место:
Кочани, Ве сакаме! �Драмски Аматерски Фестивал - Кочани
12/09/2025
Општина Прилеп се приклучи кон ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ За таа цел се креираше еднонеделна програма со интересна содржина.
20/08/2025
Среќа е кога програмата за фестивалот е стокмена и спремна за објавување 💚💛❤
https://prilepjazz.mk/?fbclid=IwY2xjawL-wIlleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFJc0RJVEp1OVdRRUM2anA2AR5k5umnRqgheB8OyfwO1dJ8UYBuw_WpPFZP2tt80mvLGDhnT3B77XPi6w9p1g_aem_WO1ONLfcm_nztLFQGeXcSg
Click here to claim your Sponsored Listing.
Website
Address
Булевар Гоце Делчев бб
Prilep
7500