Rotary Club Stip

Rotary Club Stip

Share

Rotary Club Stip is a non profit volunteer organization, member of Rotary International, chartered on the 16.06.2017.

Currently has 18 members, all experienced in their area and profession.

30/04/2026

Доказ за хуманоста што ја носиме сите во нас.
Rotary Club Stip

18/04/2026
18/04/2026

Почитувани пријатели и поддржувачи на Ротари, ве покануваме на Велигденски донаторски концерт во соработка со ФРЛЗ и ДМУЦ Сергеј Михајлов од Штип.
Билетите може да ги резервирате во приватна порака.

Photos from Rotary CLUB Kochani-Vinica's post 02/04/2026

Дониравме онаму каде што најмногу имаше потреба, изнудивме насмевки и задоволство кај сите во Здружението за слепи лица во Штип.
Благодарност до LetzCare I Rotary CLUB Kochani-Vinica

Photos from Rotary Club Stip's post 11/03/2026

Во пријателска и ротаријанска атмосфера, на 10 март 2026 година се одржа редовниот состанок на Ротари клуб Штип, овојпат во прекрасниот амбиент на ресторан Леона Лукс во Радовиш.
На состанокот се направи осврт на досегашните активности и проекти на клубот, при што се разговараше за нивното успешно финализирање и за следните чекори во нивната реализација. Посебно внимание беше посветено на тековните подготовки за традиционалната Донаторска забава, која ќе се одржи на 17 април, настан преку кој продолжуваме да ја негуваме хуманитарната мисија на Ротари и да создадеме нови можности за помош во нашата заедница.
Состанокот помина во духот на пријателството, соработка и посветеност кон ротаријанските вредности – служба над себе и заедничко делување за подобро општество.
Доделивме две Ротари значки за нашите нови членови Мартин Ваљаков и Ристе Поцков.
Искрена благодарност до нашиот домаќин, Славе Иванов
Заедно продолжуваме да правиме добро во заедницата.

Photos from Rotary Club Stip's post 08/03/2026

Ни беше задоволство да бидеме домаќини на заеднички состанок со Rotary CLUB Kochani-Vinica, РК Струмица и РК Свети Николе
Имавме убава можност да ги проследиме презентациите на теми:
1. Основни принципи на ротаријанство од Zoran Todorov
2. Клубска администрација и организација од Sasko Andonov
3. Ротари фондација и глобал грантови од Mitko Demirovski

01/03/2026

МАРТ
ВОДА, САНИТАЦИЈА И ХИГИЕНА

Месец март е прогласен за месец на Вода, санитација и хигиена за ротари годината 2025–2026.

Овој месец е посветен на една од клучните области на фокус на Ротари, со акцент на проекти кои обезбедуваат одржлив пристап до чиста вода, санитација и хигиена, со посебен фокус на Светскиот ден на водата – 22 март.

Клубовите се охрабруваат да се насочат кон проекти кои обезбедуваат чиста вода и го подобруваат санитарниот систем во училишта, болници и локални заедници.
WASH иницијативи (Вода, Санитација и Хигиена):

- Проекти за инсталација на системи за филтрација на вода, изградба на санитарни објекти во рурални средини, спроведување кампањи за подигање на свеста за хигиена и санитација во училишта и заедници.
- Обнова на водни површини и водотеци.
- Изградба на мали брани (check dams).

Здравје и хигиена:

- Континуиран фокус на менструалното здравје и хигиена, вклучително и инсталација на автомати за санитарни влошки.
- Организирање здравствени прегледни кампови (како очни прегледи или дијализни клиники).

23/02/2026
Photos from Rotary Club Stip's post 27/01/2026

Со особена чест и задоволство, на редовниот состанок на Ротари клуб Штип ги угостивме Гувернерот на Дистрикт 1912, г. Матјаж Новак, и координаторот на Ротари Сојузот на Македонија, г. Милош Радулович.
Преку отворена и продуктивна дискусија, беа презентирани реализираните активности и тековните проекти на Ротари клуб Штип, како и визијата, програмата и приоритетите на Дистриктот за наредниот период.
Посебен момент на состанокот беше промоцијата на новите шест члена на Ротари клуб Штип, со што нашиот клуб се збогати со нова енергија, знаење и искуство.
Новите ротаријанци се силен мотив и потврда дека клубот расте, се развива и подготвено чекори кон реализација на уште поуспешни и општествено значајни проекти во служба на заедницата

Want your organization to be the top-listed Non Profit Organization in Stip?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Address


Velko Vlahovic 1
Stip
2000

Opening Hours

09:00 - 17:00