Eco Solar
Производство и монтажа на соларни сушари
14/04/2026
☀️ НОВ – Подобрен воздушен соларен колектор (DOUBLE PASS)
Свеж воздух + бесплатна енергија = иднината е веќе тука!
🔹 Double pass технологија
→ поголема ефикасност и подобро загревање
🔹 2x HEPA филтри
→ внесува чист и филтриран воздух во просторијата
→ заштита од прашина, ПМ честички и загадување
🔹 100% автономен систем
→ сам произведува електрична енергија
→ нема трошоци за струја
🔹 Паметен Wi-Fi мониторинг на воздухот
→ мери до 8 параметри (AQI, PM, CO₂, TVOC, температура, влажност…)
→ целосна контрола на микроклимата
🔹 Идеален за:
🏡 домови
🏢 канцеларии
🏭 производствени простории
💨 Загревање + вентилација + прочистување = 3 во 1 систем
📍 Инсталација без сложени зафати
📲 Контактирај не за понуда
#Македонија #СоларнаЕнергија #ЗдравВоздух
13/03/2026
20/02/2026
Повеќе домашно производство. Помалку зависност.
Нови податоци. Реални корисници. Докажан извоз.
Откријте ја новата зелена технологија за сушење.
👉 www.ecosolar.mk
21/12/2025
Циркуларна економија во пракса ♻️☀️
Во ЕКО СОЛАР отпадот од цедени јаболки добива нова вредност. Материјал кој досега се фрлаше, со сушење станува квалитетна и природна храна за кокошки и гуски 🐔🦆
👉 Без адитиви
👉 Со сончева енергија
👉 Помал отпад, поголема вредност
Од отпад до ресурс – паметно, одржливо и економично 🌱
04/12/2025
Големо задоволство е кога некој од претходно постетители за практична обука за соларни монтажери во ЕКО СОЛАР, го зголемуваат обемот на работа и одат со светлосна брзина напред. Еден од нив е Иле Бонев со неговата фирма Shark sistemi. Тие имаат инсталирано во последните години над 4 MW фотонапонски системи во Струмица и околината. Сега тој води дел од практична обука на кандидатите од РЕК Битола, кои се во моментот кај нас.
30/11/2025
🌞 Сончева енергија за топлина и чист воздух! 🌿
На 30 Ноември 2025, во 9:30 часот, надворешната температура во Стар Караорман, Штип беше само 4°C – а нашите 5 воздушни сончеви системи веќе внесуваа топол и чист воздух во објектот!
✅ На југоисточна фасада: 2 системи со воздух од 37–43°C
✅ На југозападна фасада: 3 системи со воздух од 34–36°C
✅ Вентилаторите и контролерите работат целосно на соларна енергија
✅ Објект од 700 м² со приближно нулта CO₂ емисија
✅ Месечна сметка за електрична енергија: само 2.500 денари (Октомври 2025)
💡 Иновативно. Енергетски ефикасно. Еколошки.
Ви покажуваме како сонцето може да работи за вас!
🌱 Погледнете повеќе за нашите решенија за обновлива енергија.
16/11/2025
Екологисти од Неготино сушат јапонски јаболки во соларна сушара под отворено небо - МКД.МК „Јапонските јаболки сè почесто се одгледуваат, но дел од плодот често останува неискористен – или доцна се бере, или не стигнува до пазар. Го гледаме токму тој ‘ви....
15/11/2025
Денес, во 08:50 часот, стартуваа 5 независни воздушни соларни системи за догревање и филтрирање на надворешниот воздух!
Првите два системи на југоисточната страна од објектот на ЕКО СОЛАР – Штип веќе континуирано внесуваат свеж и сончево загреан воздух со 43°C. Така ќе работат до 12 часот, кога улогата ја преземаат преостанатите три системи на југозападната страна.
Сите параметри се следат во реално време со професионални дата-логери.
Досега, најдобри резултати ги покажува прототипот на воздушниот колектор COMPACT 6 м² со PVD селективен апсорбер – врвна нанотехнологија произведена од Alanod, Германија.
PVD селективниот слој овозможува исклучителна енергетска ефикасност благодарение на неговата наноструктура и прецизна материјална композиција:
• α > 0.95 – екстремно висока апсорпција
• ε ≤ 0.05 – минимална IR емисивност
Со овие 5 системи ефикасно догреваме простор со вкупна површина од 272 м² (2 × 136 м²). Објектот е термички изолиран, а внатрешната температура изнесува околу 15°C без дополнително греење. Само при снежни или целосно облачни денови се активира резервно греење — што е сè поретко поради климатските промени.
Повеќе енергија. Поголема ефикасност. Минимални загуби.
Сончевата енергија работи за вас – чисто, тивко и бесплатно. 🌞 ☀️
15/11/2025
🎉 Успешно завршена практичната обука за соларни монтажери! ☀️🔧
Минатата недела во верифицираниот тренинг центар на ЕКО СОЛАР официјално го финализиравме практичниот дел од обуката за соларни монтажери.
Оваа обука е организирана од Асоцијацијата „Солар Македонија“, а финасирана од ЕСМ, Светска банка за обнова и развој (EBRD), ELSON и Finova — голема благодарност до сите партнери за поддршката!
Теоретскиот дел успешно се одвиваше во Битола и Скопје, а кандидатите покажаа висока мотивација и професионалност, бидејќи сите се вработени во РЕК Битола како електричари или сменоводители. Голема чест е да се работи со луѓе кои сакаат да се развиваат и активно го следат енергетскиот транзициски процес во Македонија.
📢 Во очекување сме на втората група кандидати!
Интересот е огромен, а поради ограничените термини, оваа година нема да можеме да организираме трета група за практична обука.
🙏 Ви благодариме на довербата и поддршката!
🔜 Следат нови програми, нови групи, нови можности!
21/10/2025
07/10/2025
Со гордост споделуваме дека три наши хибридни сушари за плодови, произведени со најнова енергетски ефикасна технологија, пристигнаа кај купецот во Црна Гора! Нашата мисија продолжува – македонски производ за зелена иднина и одржливо земјоделство! We are proud to share that three of our hybrid fruit dryers, manufactured with the latest energy-efficient technology, have arrived at the customer in Montenegro! Our mission continues – Macedonian product for a green future and sustainable agriculture!
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
населба Стар Караорман
Stip
2000
Opening Hours
| Monday | 07:00 - 15:00 |
| Tuesday | 07:00 - 15:00 |
| Wednesday | 07:00 - 15:00 |
| Thursday | 07:00 - 15:00 |
| Friday | 07:00 - 15:00 |