PZU.D-R SAVESKI
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from PZU.D-R SAVESKI, Dentist & Dental Office, Mosa Pijade 1/14b, Prilep.
23/01/2026
🦷 БЕЗ ОПЕРАЦИЈА ❗
Пациент со силна болка и оток. По дренажа на инфекцијата беше извршено ендодонтско лекување во 2 посети.
📸 Контролната рентген снимка по 7 месеци покажува јасно повлекување на инфекцијата.
✔️ Без хируршка интервенција
✔️ Зачуван природен заб
✔️ Докажан резултат со follow-up
👉 Не секој оток значи вадење на забот
#безоперација #зачувајгозабот
25/02/2025
Пациентот се јави со огромен оток и болка после изработка на мост во друга ординација.Беше утврдено погрешно лекување на сите заби кои се лекувани а се вклучени во мостовата конструкција.Извршено е правилно и соодветно лекување на долниот десен трет заб.После првата посета пациентот беше ослободен од болка и му беше препишана антибиотска терапија.Втората слика десно укажува на потполно излекување и што е најважно БЕЗ ХИРУРГИЈА.Целокупното лекување е без да се извади мостовата конструкција.
12/02/2025
12/02/2025
01/08/2024
Пломба и "пломба".Пломба е пломба, исто е ама не е исто.Првата-лево е направена кај мене пред 3 години, а втората-десно во Германија пред 2 месеци.
08/07/2024
БЕЗ ОПЕРАЦИЈА 😉
08/03/2024
31/10/2023
10/04/2023
Пациентката дојде од друга ординација(од друг град) и по нејзиното кажување забот е лечен 4 месеци.Во првата и единствена посета забот го излечивме и реконструиравме.Не постои друг начин за излекување на воспаление на нервот освен прикажаниот подолу на сликите.Тоа значи дека само целосно третирање и полнење на каналите до нивниот врв дава долгорочен успех. Сето останато значи моментален или одложен проблем со помала или поголема симптоматологија.
Напомена: "Умртвен заб" доколку не е соодветно третиран МОЖЕ ДА БОЛИ и тоа како
09/02/2023
На сликите подолу е прикажан уште еден не-хирушки успешно третиран заб.
Пациентот се јави во ординација со голем оток на левата половина од лицето, силна болка, црвенило, болка при допир на инфицираниот заб.Од првата снимка прикажана горе лево се утврди дека постои "процес"(покажан со црвената стрелка).Машинската ендодонција е единствен третман што во дадениов случај би можело да значи целисно излекување.Во спротивно забот мора да се извади или во најмала рака хирушки да се одстрани "процесот" и врвот на коренот(апикотомија).На сликата горе десно се гледа дека "процесот" е целосно излекуван😉.
10/01/2023
Современата ендодонција (лекување на забите) ни дава предвидлив резултат и висок процент на успех во долгогодишното опстојување на лекуваниот заб во усната празнина. Современата ендодонција бара соодветна софистицирана опрема и соодветна едукација. Ендодонцијата денес е незамислива без употреба на кофердам (зелената гума на сликите подолу), без рентген, без апекслокатор (апарат за мерење на должината на коренскиот канал), без ендомотор (апарат за обработка на коренскиот канал), без соодветна дезинфекција........Вака третираните заби имаат повеќе од 95% шанса за успех.......
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the practice
Telephone
Website
Address
Mosa Pijade 1/14b
Prilep
7500
Opening Hours
| Monday | 08:00 - 16:00 |
| Tuesday | 12:00 - 20:00 |
| Wednesday | 08:00 - 16:00 |
| Thursday | 12:00 - 20:00 |
| Friday | 08:00 - 16:00 |