FC Next Level
Football School in Ohrid
01/07/2026
Со особено задоволство ја информираме јавноста дека членот на нашиот клуб, Филип Спасески од генерацијата 2016 е селекторан и доби право да учествува на кампот на Реал Мадрид кој ќе се оддржи во Мадрид, Шпанија. Филип во периодот од 15-19 јуни 2026 учествуваше на селекционен камп на Реал Мадрид во Белград и во конкуренција на 2000 деца кои учествуваа на 20 кампови организирани од Реал Мадрид во 2026 година успеа да се избори да биде избран во 3 % од децата кои добија покана за Мадрид. Горди сме на успехот на нашиот фудбалер! Ова е големо признание и за нашата фудбалска школа! Заедно со Филип продолжуваме и натаму напорно да работиме на остварување на заедничките фудбалски цели!
05/11/2025
Нашиот клуб за прв пат доби репрезентативен повик за наш член💪⚽️💪
Виктор Грданоски (U14) ова нека биде само ветар во грб, да ја претставуваш нашата Македонија во најдобро светло, понатака да се радуваме на репрезентативни настапи во првиот тим и уште играчи од нашиот клуб и регионот да ти се придружат⚽️🙏⚽️
28/06/2025
Ви благодариме Спортска Мрежа - нашиот Марино Маркоски зборува за Меѓународниот турнир „Некст Левел“ кој го организира нашата школа, Ви благодариме на сите 😍
ВИДЕО: Марино Маркоски за организацијата на Меѓународниот турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид Марино Маркоски е еден од организаторите на Меѓународниот турнир „Некст Левел“ во Охрид, турнир кој веќе станува најмасовен, турнир кој станува еден од најдобри о...
24/03/2025
⚽️ 🤗 Ве очекуваме на нашиот Меѓународен турнир Next Level Tournament 2025 во Охрид ♥️
🟢 ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК 🟢
Во тек е пријавувањето за 3. издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид! Во тек се пријавите за за новото трето издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел“, кој се одржува во Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“. По ...
📣 ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ 📣
29/12/2024
🟢⚽️🏆🥳 НАШЕТО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ВАС по повод четвртиот роденден на нашата школа Некст Левел!
Уште еден турнир „Некст Левел 2025“ за генерација 2010 и 2011 во формат 10+1
Ве очекуваме, пријавите се отворени ❤️
Уште еден Меѓународен турнир „Некст Левел 2025“ – за генерација 2010 и 2011 во формат 10+1, пријавети се отворени! Фудбалската школа Некст Левел од Охрид прослави четири години од нејзиното основање. Голем број на дечиња се дел од Некст Левел, а фудбалската школа зад себе има и д...
23/12/2024
🎉 Четири години на фудбалската патека – Next Level од Охрид расте! ⚽️
Драги наши фудбалски ентузијасти и обожаватели!
Оваа година, нашата фудбалска школа Next Level од Охрид го слави четвртиот роденден, и сме неизмерно горди на сите достигнувања кои сме ги постигнале заедно со нашите млади фудбалери. Четири години полни со напор, труд, посветеност и многу големи моменти! 🎉
💥 Поклони за нашите ѕвезди! 💥
Како што доликува, по повод годишнината, секоја наша ѕвезда – сите наши млади фудбалери – добија посебен подарок! 🎁 Оваа година, на сите членови на нашата школа им подаривме маици, вкупно над 160 маици, за секој наш член, како симбол на заедничкиот пат кој го изминуваме. 🌟
🏆 Детска лига на ФФМ - Претставување со гордост! 🏆
Не застануваме тука – нашиот тим настапува со сите генерации во Детската лига на ФФМ, во која ја даваме сета енергија и посветеност. 🚀 Особено сме горди на нашите младинци:
Во генерацијата 2013 пријавивме две екипи, кои со страст и енергија го претставуваат нашето име.
Во регионалната лига активно учествуваме со две екипи, составени од генерациите 2010 и 2011.
🥇 Генерациите на нашите ѕвезди – Млади, но силни! 🥇
Нашата школа е дом за млади фудбалери од сите генерации. Погледнете ги нашите фудбалски ѕвезди:
2018/2019 - најмалата генерација која ни ги топи срцата! ❤️
2010 до 2017 - сите со амбиција и страст за играта!
🌟 Проект за големи достигнувања! 🌟
Во следните денови, подготвуваме големо изненадување за сите вас – нов проект кој ќе биде вистински поттик за напредокот на нашата школа! Проект со кој ќе испишеме нова историја во Некст Левел! 🚀
Секој од вас е дел од оваа неверојатна фудбалска приказна и заедно продолжуваме да растеме, учиме и се развиваме. НИЕ СМЕ ЕДНО СЕМЕЈСТВО!
‼️ Останете со нас – за многу повеќе успеси, емоции и незаборавни моменти! ‼️
Срце и душа на теренот, гордост за сите нас! ⚽️💙
#ФудбалскаШкола #ЧетириГодини #МладиЅвезди #ЗаедноНапред #ФудбалскиПроект #Гордост #ТимскиДух #Охрид
18/11/2024
⚽️🇲🇰🤗 Започнаа пријавите за учество на 3. издание од „Некст Левел“ во Охрид - голем Меѓународен фудбалски турнир!
🟢 ПРИЈАВИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ!
Започнаа пријавите за 3. издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид! Стартуваат пријавите за новото трето издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел“, кој се одржува во Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“. По ....
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Telephone
Website
Address
Ohrid
6000