Rotaract Club Bitola
📌 𝚂𝚎𝚕𝚏𝚍𝚎𝚟𝚎𝚕𝚘𝚙𝚖𝚎𝚗𝚝 - 𝙵𝚎𝚕𝚕𝚘𝚠𝚜𝚑𝚒𝚙 𝚝𝚑𝚛𝚘𝚞𝚐𝚑𝚝 𝚜𝚎𝚛𝚟𝚒𝚌𝚎
⚙️ 𝙳𝚒𝚜𝚝𝚛𝚒𝚌𝚝 𝟷𝟿𝟷𝟸
🕰️ 𝚂𝚒𝚗𝚌𝚎 𝟸𝟶𝟶𝟷
07/05/2026
Ви ги претставуваме овогодинешните спонзори на шестиот по ред "турнир во бељот" кои несебично не поддржаа за успешно да се реализира овај настан. Бескрајна благодарност до:
ikapri
apartments cakes moments
Фирма Шкорпион
bt
Од срце Ви благодариме за хуманоста од Ваш страна. Добрите дела ги прават хумани луѓе како Вас ❤️
А Вие бељотџии, се гледаме на 17 мај (недела) во Бар Општина ♠️♥️♣️♦️
16/01/2026
Традицијата на вртење мазниче со паре продолжува и годинава. Најсреќниот овој пат беше 🍀
За многу години и среќни празници 🪙🎄
13/12/2025
На денешниот убав и сончев ден, на Тумбе кафе или местото наречено "кај авионите" нашиот менторски клуб Ротари Битола одржа акција за посадување на медоносни дрва 🌳🌿 Со оваа акција придонесуваме кон подобра средина 🍃 Заедно за подобро општество! 🤝🏼
12/12/2025
Денес, во просториите на кугланата на Битола, го одржавме турнирот во куглање помеѓу Ротаракт клуб Битола и нашиот менторски Ротари клуб Битола. Како и секоја година, така и оваа, настанот беше организиран хуманитарно, а сите собрани средства ќе бидат донирани во медицински цели за борба против Сидата.
Во денешната прекрасна дружба и турнир како победници излегоа претставниците на Ротари клубот! 👏🏼 Им благодариме на сите за учеството и донацијата и се радуваме на следни вакви настани! 🤝🏼
01/12/2025
1 декември е ден посветен на подигнување свесност за ХИВ и СИДА – болест која денес може успешно да се контролира со рана дијагноза и правилна терапија. Знаењето и тестирањето се најсилна заштита. Овој ден е потсетник дека стигмата е најголемиот непријател – затоа е важно да зборуваме отворено, да се информираме и да ги поддржиме оние што живеат со ХИВ.
Свесноста спасува животи. Тестирај се, информирај се, поддржи!
Ротаракт Клуб Битола, како и секоја година така и оваа огранизира хуманитарен настан, овој пат во кугланата во Битола. Собраните средства од овој настан ќе бидат донирани во медицински цели за помош против борбата за сидата 🤝🏼
28/10/2025
15/09/2025
Минатата недела ја извршивме донацијата од последниот одржан турнир во бељот. Имено, на пинг понг клубот Пелагонија - Битола им дониравме 20 комплети на тренерки кои нивните членови ќе можат да ги користат и да бидат добро претставени каде и да гостуваат по натпревари и настани. Голема е честа за нас да се помогне каде најмногу е потребно, секако и со поддршка на сите Вас кои не поддржувате и донирате на нашите настани 🙌🏼🤝🏼
26/05/2025
Заврши уште една успешна ротаријанска година. Имавме многу нови проекти, неколку веќе редовни проекти, донации, дружби и состаноци со нашите членови но и членовите од светот.
Од денес, претседателството за новата ротаријанска година е во рацете на Филип Стојановски. Од името на минатиот претседател Илче Блажевски и целиот клуб, му посакуваме успешна ротаријанска година.
Исто, му посакуваме топло добредојде на нашиот нов член Филип Стојановски, кој на денешниот последен состанок беше изгласан за редовен член 🤝🏼
Се гледаме наредната година со нови сили и цели! Ротаракт клуб Битола ❤️
18/05/2025
Традицијата продолжува.
Петта година по ред го организираме хуманитарниот турнир “Битолски Бељотџија”. 26 тимови се натпреваруваа да ја освојат наградата и називот “Најдобар Битолски Бељотџија”.
Годинава, центарот на збиднувањата беше во кои несебично ни помогнаа за остварување на нашите замисли. Огромна благодарност до нив.
Мора да се спомене за жарот и посветеноста на нашите натпреварувачи, каде повеќето натпревари завршија со резултат 2:1 во партии. Борба до самиот крај.
Честитки до победниците, тимот “Последнa шанса” го освои прво место
Воедно им благодариме и на поддршката од
Овој настан немаше да биде тоа што беше без нашите пријатели:
.kapri .bt
Кои донираа средства, ваучери и производи од нивните дејности.
*Сите собрани средства ке бидат наменети за пинг-понг клубот "Пелагониа" - Битола, за снабдуванье со опрема за потребите на клубот
Благодарност и до сите учесници на фер играта и пријателската атмосфера која ја негуваме овие пет години.
♥️♣️♦️♠️
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the organization
Address
Bitola
7000