MONE

MONE

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from MONE, Education, Нико Фундали 16/8, Bitola.

Photos from MONE's post 10/06/2026

Биди најсреќен Андреј, те сакаат другарчињата од Моне 🥳🎂🎈

04/06/2026

Нашиот едукативен центар за неколку часа се "пресели" во преубавиот простор на игротеката Jungle Adventur🥰
Боевме, цртавме, се едуциравме и се забавуваме. А на детските насмевки им немаше крај.
Ви благодариме на сите што бевте со нас на ова авантура❤️

01/06/2026

Среќен ден на детето 👫♥️

01/06/2026

Среќен Меѓународниот ден на детето!
Растете со насмевки мили дечиња 🥰

28/05/2026

Почитувани родители и мили дечиња, Ве покануваме на едно ново, незаборавно дружење во игротеката Jungle Adventures, на заедничка работилница инспирирана од животните во џунглата 🦁🐒.
🎨Со МОНЕ ќе боиме фигури од глина, ќе научиме за животот на овие животни, ќе се дружиме и ќе играме во преубавата игротека Jungle Adventures.
📩Местата се ограничени, резервации во приватна порака на нашиот центар.
Бидете дел од несекојдневните настани во нашиот град.
📍Локација: Игротека Jungle Adventures
Возраст: дечиња од 3 години па нагоре
👨‍👩‍👧‍👦 Дозволено е присуство на родители 🙂

Photos from MONE's post 24/05/2026

Низ разговор и игра со букви во Моне го одбележавме денот на сесловенските просветители "Светите Кирил и Методиј " 📖📚

Photos from MONE's post 20/05/2026

Среќни да ви се родендените Максим и Дамјан, бидете најсреќни 🥳🎂🎈

Photos from MONE's post 10/05/2026

Играта на отворено е од непроценливо значење за децата од предучилишна возраст. Таа не е само забава, туку и природен начин преку кој децата учат, се развиваат и го запознаваат светот околу себе. 🤸⛹️

Кога децата играат надвор, тие го зајакнуваат своето тело. Трчањето, скокањето, качувањето и истражувањето придонесуваат за развој на моториката, рамнотежата и координацијата. Свежиот воздух и сончевата светлина позитивно влијаат врз нивното здравје, го зајакнуваат имунитетот и придонесуваат за подобар сон. 🥰

Освен физичките придобивки, играта надвор има големо влијание и врз емоционалниот развој. Децата се чувствуваат послободни, порелаксирани и посреќни кога имаат простор да се движат и да ја изразат својата енергија. Природната средина им помага да ја намалат напнатоста и да развијат чувство на смиреност.

Играњето на отворено исто така ги поттикнува креативноста и имагинацијата. Едно обично дрво може да стане куќичка, гранка може да биде волшебно стапче, а песокот – поле за создавање нови светови. Преку ваквата игра, децата учат да размислуваат креативно и да решаваат проблеми. 🏠

Социјалните вештини се уште една важна придобивка. Играјќи заедно, децата учат да споделуваат, да соработуваат, да договараат правила и да ги почитуваат другите. Тие создаваат пријателства и развиваат чувство на припадност. 👫

Играта на отворено е едноставна, но моќна алатка за целосен развој на детето. Таа му овозможува на детето да биде активно, радосно и љубопитно – токму она што му е најпотребно во раните години од животот. 🥰

Photos from MONE's post 05/05/2026

" Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски- ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште".
Блаже Конески
Честит 5 мај- Ден на македонскиот јазик и македонската азбука. 🇲🇰

Want your school to be the top-listed School/college in Bitola?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Website

Address

Нико Фундали 16/8
Bitola
7000