Ponder
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Ponder, Performing Arts, Bitola.
22/02/2026
И оваа година по повод 8 Март .mk .kadar и .biblioteka со здружени сили организираме повеќедневна фестивалска офанзива посветена на женското творештво. 🔥🌹
6 настани, 5 сцени, многу музика, филмови, книги, другарства и соработки, следете нè деновиве за детална програма. 🏵❤️🔥
04/05/2025
caledonia (UK) // 10. мај (сабота) // Porta Jazz
После одличната чаршиска вечер на .festival во петокот, продолжуваме оваа сабота во со добри гости од Велика Британија 💙
е нова сила која се издига од алтернативната сцена на југоистокот на Велика Британија, спојувајќи ја меланхоличната горчина на слоу-кор жанрот со острата, агресивна енергија на современиот британски пост-панк. Инспирирани од бендови како Duster, Horse Jumper of Love, Slint и My Bloody Valentine, нивната музика е спој на интроспективна емотивност и суров интензитет. Најскоро имаат издадено две нови песни ('Headaches' и 'Wilted Rose'), од нивниот нов EP 'Palette of June', кој ќе ја имаме привилегијата да го слушнеме во живо оваа сабота во Битола 🥰
Се гледаме! 🌌
Дизајн на плакат: 🎨
27/03/2025
Во овие тешки моменти на тага и гнев, цврсто веруваме дека правилниот чекор е солидарност, заедништво и споделување на болката, а не осаменост и изолација, па затоа, одлучивме закажаниот концерт на all-girl инди-пост-рок-шугејз триото ŽEN од Хрватска да го одржиме како ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА СОЛИДАРНОСТ со жртвите на трагедијата во Кочани. ❤️🩹
На 1. април (вторник) во малата сала при Центарот за Култура Битола, ќе настапат ŽEN - аудиовизуелен колектив од Загреб, Хрватска, составен од три девојки чија музика лебди на работ меѓу реалното и хипнотичното, создавајќи звучни пејсажи кои го преплавуваат слушателот со чувство на безграничност, топлина и хармонија. 🍃
Во нивното 15 годишно постоење како бенд, зад себе оставаат 4 студиски албуми и многу фестивалски и клупски концерти низ целиот свет.
Влезот ќе биде доброволна донација која потоа директно ќе ја донираме на семејствата на жртвите преку платформата 👈
Дојдете и донирајте, солидарноста и заемната помош нè одржуваат во живот. 🖤
11/10/2024
Вториот дел од неделната програма е посветен на битолските независни културни иницијативи. 🕊
Преку овој отворен ден низ неформален муабет ќе можете да се запознаете со нашето работење, како функционираме, а исто така, ако сте заинтересирани, потенцијално би можеле да се вклучите во некоја од иницијативите, на независниот културен фронт секогаш им се потребни нови доброволци во борбата за слободна култура! 🚀
Со љубов,mk .kadar .biblioteka
💖
11/10/2024
Почнуваме со објавување на програмата за завршниот ден од офанзивата 🌟
Првиот настан во недела е посветен на книгите, со промоцијата на збирката поезија „Ајде уште еднаш“ на нашиот Бојан Станиќ! Книгата е издадена од во април годинава, и конечно ќе има своја промоција во Битола 🎉 На настанот книгата ќе може да се набави по цена од 150 денари.
За збирката, Хана Корнети напиша: „Постоење и прашина, политичка ангажираност и искреност, знаење и незнаење, романтика и баналност, љубов и очај, заедништво и осаменост, идеали и реалност се дел од контрастите што сите ги имаме интернализирано, а Станиќ умешно ги спојува за да нè потсети дека и ние самите се наоѓаме во просторот помеѓу крајностите. Нè потсетува за тешкотијата на тоа да сме свесни за состојбата во која е светот, а истовремено да се бориме да не ги заборавиме убавините што прават сето ова да вреди.“ ✨️
Покрај тоа, низ целиот ден во недела ќе има штанд со книгите на нашата бесплатна .biblioteka, па дојдете и проверете ги насловите кои ги нудиме! 📚
Се гледаме! 💝
10/10/2024
Известување за сите верни поддржувачи на независната сцена кои планираат да ги посетат двата концерти викендов: вечерва на врата во Радост ќе може да се набави комбо-билет за двата концерти по промотивна цена од само 300 денари. 💞
Секако, не ве забораваме сите оние кои веќе сте купиле билет за вечерашниот концерт, па така со доплата од 100 денари можете да добиете добиете карта и за сабота. 💫
Благодариме за поддршката и се гледаме вечер на свирка!
02/10/2024
Од 10 до 13 октомври, петте независни битолски културно-партизански одреди, Пондер, Metal Discharge Crew, Контра кадар, Контра библиотека и Слога ви најавуваат четиридневна културно-ослободителна офанзива, програма полна со музика, филмови и книги, одбележувајќи го 11 октомври, денот на почетокот на борбата против фашистичкиот окупатор. ❤️✊️
Сите настани ќе се случуваат во Радост, а вие останете на (борбената) линија и следете ги поединечните профили на иницијативите за нивните агенди и акции. ☎️ 💣
27/07/2024
31. јули (среда) // 21:00 // Радост // Влез: 150 ден.
mk x .music 💖
На 31. јули во среда ни доаѓа еден навистина специјален гостин Франција - пијанистот и челист ✨️🎹 🎻
Како самоук мултиинструменталист и љубител на класичната, електронската и минималистичката музика, тој се движи од едноставност до епичност, поврзувајќи се со романтизмот и импресионизмот од XVIII и XIX век. Неговата музика нуди бегство од бучавата на секојдневниот живот, потсетувајќи на Филип Глас, Макс Рихтер, Јохан Јохансен и Стив Рајх, спојувајќи класични теми со електронски ритми. 💫
Покрај музичкиот дел, со огромна радост најавуваме дека на настанот ќе биде поставена изложба на врвната битолска уметница, Симона Мирчевска. Покрај тоа што е магистер по архитектура, Симона активно слика и нејзините дела се поставени на голем број самостојни и групни изложби. 🖼
Во нејзините апстракции се испреплетуваат темите на природата, чувствувањето и слоевитоста на искуствата, каде, потопувајќи го платното со живи бои и навидум случајни, но секогаш намерни форми и линии, Симона го шири хоризонтот на вообичаеното сфаќање на зборот пејсаж, и што сѐ може да се побуди со движење на четката. 🖌
Овој концерт е во соработка со нашите добри пријатели од платформата .music, кои ќе го снимаат концертот во целост. 📹
Се гледаме во Радост!
02/05/2024
Први мај помина, а вечерва во Радост покрај промоцијата на Спитсанието ќе имаме концерт на два одлични артисти од Србија.⚡️
Disaster-jazz составот Џезболах од Србија ќе се претстави со нивната френетична мултисензорна импров офанзива на нашите сетила, создавајќи PTSD какофонија на секој кој ќе се приближи на нивната фронтовска линија. 🪖
Пред нив со свој сет ќе настапи WoО, сонлив електронски микро-поп соло проект на Вукашин Џелиќ, каде семплери, синтисајзери и ритам машини ќе ве одведат на лелеаво патување низ мирни мориња и универзуми. ☁️
Свирката ќе започне во 21:00, промоцијата на Спитсанието од 19:00, се гледаме вечер!
28/04/2024
2. мај (четврток) 19:00 - 00:00 // Радост
Промоција на првото СПИТСАНИЕ на и концерт на и WoO од Србија // изложба/видео инсталација на архивски материјали // DJ support:
Со огромна радост објавуваме дека во четврток ќе го промовираме првото СПИТСАНИЕ на највозбудливата македонска инстаграм дигитална архива како деветто PonderBooks издание. ⚗️
Спитсанието продира во најдлабоките понори на македонската подземна историја, ископувајќи артефакти и костури на нашето (неретко гаднo) минато. 🩻
Комбинирајќи архивски материјали со фиктивни приказни и современи адаптации на носталгични наративи, Спитсанието е уникатен прозорец кон едно загубено време, временска капсула на запрашеното и заборавеното. 🗝
Покрај тоа, вечерта ќе имаме концерт на два одлични артисти од Србија.⚡️
Disaster-jazz составот Џезболах од Србија ќе се претстави со нивната френетична мултисензорна импров офанзива на нашите сетила, создавајќи PTSD какофонија на секој кој ќе се приближи на нивната фронтовска линија. 🪖
Пред нив со свој сет ќе настапи WoО, сонлив електронски микро-поп соло проект на Вукашин Џелиќ, каде семплери, синтисајзери и ритам машини ќе ве одведат на лелеаво патување низ мирни мориња и универзуми. ☁️
Покрај промоцијата и концертот, на настанот ќе има и изложени архивски материјали од Made of Spit архивата, како и видео инсталација. 📜
Како DJ поддршка за настанот го имаме нашиот локален BerryQyat. 🎛
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
Bitola