IPA Bitola
"Servo per Amikeco"
13/06/2026
ИПА Битола учествуваше на „Pelister Unique Trail Marathon“ – напорна и тешка трка која бараше голема издржливост и посветеност. И покрај предизвикувачката патека, трката успешно беше завршена. Честитки за упорноста и спортскиот дух!
13/06/2026
🚴♂️ ИПА Битола учествуваше на вело настанот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и на рекреативната вело тура Охрид – Струга – Радожда.
Прекрасен ден исполнет со дружење, спортски дух и уживање во убавините на Охридското крајбрежје. 🚴♀️🌊
Продолжуваме со активен дух и промоција на велосипедизмот!
07/06/2026
На 7 јуни 2026 година, членови на ИПА Битола учествуваа на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, каде успешно ја завршија полумаратонската трка на 21 километар.
11/05/2026
По повод Денот на македонската полиција – 7 Мај, беше организиран марш до врвот Пирамида, на кој учествуваше и ИПА Битола со свои претставници.
10/05/2026
На трката „Смолево Uphill Race 3“, ИПА Битола имаше свој претставник, кој го освои третото место во категоријата „Ветерани +45 години“.
07/05/2026
26/04/2026
,,Трка за Македонија" 22 километри,
Во чест на загинатите бранители во Вејце 2001 година.
16/11/2025
ИПА Битола учествуваше на трката „Ноември Ран“ во Гевгелија со шест учесници, а воедно оствари и пријатна средба со колегите од ИПА Гевгелија. Настанот помина во спортски дух, дружење и меѓусебна поддршка.
14/09/2025
ИПА Битола со голем успех учествуваше на трката „Трчај бе“ во Битола, каде што настапи со тим од 7 членови. Најголемата радост и признание за нашиот клуб беше освоеното 3-то место во вкупниот пласман на тимови, што претставува навистина значаен резултат и потврда за заедничкиот труд и посветеност.
Покрај тимскиот успех, индивидуалните настапи исто така беа за почит: еден од нашите членови ја заврши трката на 10-тата позиција во вкупниот пласман, а друг член блесна со освојување на 1-то место во категоријата +60 години.
Со овие резултати, ИПА Битола уште еднаш покажа дека сплотеноста, спортскиот дух и ентузијазмот носат врвни резултати и голема гордост за сите нас.
31/08/2025
ИПА Регион Битола на 31 август зема учество на традиционалната трка „Че трчаме“ во Прилеп, на патеката од 10 километри. Нашиот регион беше претставен со тројца членови, кои успешно ја завршија трката и со тоа уште еднаш ја истакнаа спортската активност, другарството и промоцијата на здравиот начин на живот.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Website
Address
Bitola
7000