Project STOP
CSOs network related to illegal migration and its consequences such as human trafficking and gender based violence while transiting across SEE.
SE Europe Transnational CSO Coalition for Women and Child Protection against Human Trafficking and Gender-based Violence (GBV) - STOP aims in propagating better policies for cessation of both human trafficking and GBV. CSOs from BiH, ALB, SER MKD and KOS will undertake an action to protect rights of migrants, including those currently passing throughout Balkan, coming from Syria, Afghanistan and s
Повторно злоупотреба на малолетнички
Жена од Скопје принудувала две малолетни девојчиња да даваат сексуални услуги. Полицијата соопшти дека таа е приведена рано изутрината и се сомничи дека овозможувала на возрасни лица да имаат сексуални односи со две малолетнички, при што односите биле и снимани.
Но повеќе детали за случајот МВР не соопштува. Истрагата сè уште трае и полицијата трага по мажите кои имале сексуални односи со двете девојчиња. Не е позната ниту нивната точна возраст, ниту возраста на женската личност со иницијали Г.Р. Детали ќе бидат соопштени дури откако истрагата ќе заврши.
Но ова не е ниту прв, ниту единствен случај. Пред нешто повеќе од два месеци започна судскиот процес против 13 велешани кои вршеле полови дејствија врз 14-годишно девојче. Кога во јануари Јавното обвинителство го обелодени случајот, соопшти дека 25-годишен велешанец преку социјалната мрежа Инстаграм ја довел во заблуда дека ќе почнат љубовна врска, но откако направил порнографски материјал, тој бил користен како закана за да ја присили да дава сексуални услуги.
Тука е и случајот „Јавна соба“ кој сè уште нема епилог. Во група на Телеграм во два наврати масовно се ширеше порнографска содржина, а често таа беше од малолетници.
Но како државата може да ги заштити децата? Од првата детска амбасада, Меѓаши велат дека многу е важен пристапот и на самите родители, но и на службите во училиштата.
- Одредено несоодветно однесување на децата може да се детектира или во домот или во училиште. Тука имаат голема задача и стручните служби, наставникот, класниот, да навреме детектира и дојави. Секако Центрите за социјална работа се клучните кои треба да влезат во домот и да детектираат дали станува збор за нарушени семејни односи и навреме да се разговара со детето за да не влезе во мрежата на малолетничка проституција, вели Драги Змијанац од првата детска амбасада, Меѓаши.
Живееме во време кога целиот живот го чуваме во мобилниот телефон. Социјалните медиуми играат голема улога во развојот на децата и затоа потребен е поголем надзор на нивното користење. Затоа Змијанац вели дека важно е децата да бидат едуцирани за да можат самите да се заштитат.
-Она што е неопходно е децата да препознаваат несоодветно однесување на возрасните, несоодветни понуди, да си ги знаат не само правата на приватност, туку и правата околу користење на социјалниот простор. Да кажат „не“, да дојават доколку некој ги вознемирува и никако да споделуваат лозинки и никако да споделуваат со непознати или познати одредени делови од своето тело, вели Змијанац.
Даниел Василев
Тема на денот со Драги Змијанац
Македонија на нозе - се трага по исчезнатата Вања, 14-годишното девојче кое се изгуби во Центарот на Скопје.
30/11/2023
ПОТРАГАТА ПО ВАЊА ВЛЕГУВА ВО ЧЕТВРТИОТ ДЕН: По што се разликува „Амбер алерт“ и зошто е толку ефикасен
И по 72 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од центарот на Скопје нема ниту трага. Нејзината фотографија не се симнува од медиумите и од социјалните мрежи, а за нашето девојче веќе се добро упатени и во соседните земји. Објавата е напишана и на англиски и на српски јазик, за жал досега нема никаква информација.
Во изјава за Фактор, мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, вели дека е во постојан контакт со полицијата и дека цврсто верува дека ќе ја најдат нејзината ќерка.
-Полицијата интензивно работи. Јас не сакам да се сомневам во ништо и во овие моменти мора да останам силна. По неколку пати во денот сум во контакт со полицијата, на се што можам да се сетам, се што сметам дека е важно за истрагата им го кажувам и тие буквално работат деноноќно. Секако дека се надевам на најдоброто, вели Зорица за Фактор.
Иако, во Македонија го немаме американскиот систем за брзо пронаоѓање на исчезнати малолетни лица, наречен „Амбер алерт“, на нозе се кренати сите надлежни ниституции во земјава, а за исчезнувањето на Вања, веќе е алармирана и информирана Европската организација за исчезнати деца.
-Како Меѓаши сметаме дека и во Македонија е неопходно да се имплементира системот „Амбер Алерт“ кој е наменет за пронаоѓање на деца кои се жртви на киднапирања заради разни причини и особено поради фактот што тој има посебен начин на функционирање. Она што сакам да го истакнам е дека посебно се залагаме и за воведување на линијата 116000, исто така за исчезнати деца и на овој начин да се вмрежиме со останатите земји каде што функционира ова, односно да бидеме во иста мрежа со Србија, Грција, Албанија и Бугарија. Во оваа насока, сакам да потенцирам дека за исчезнувањето на Вања стаоивме и во контакт со две организации за исчезнати деца во Белград и во Тирана и практично ги мобилизиравме, вели Dragi Zmijanac од Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi
И на телефонскиот број 112 има огромен број јавувања од страна на граѓани кои сакаат да помогнат.
-На овој број навистина се јавуваат голем број граѓани и јас навистина ги охрабрувам сите кои имаат каква било информација за Вања да се јават на 112. Истрагата секако ја води полицијата, и ЦУК сите овие јавувања ги пренасочува во МВР.
Но, по што се разликува „Амбер алерт“ и зошто е толку ефикасен во брзо пронаоѓање на исчезнати деца.
Станува збор за систем со кој преку СМС, објави на телевизија, известувања на аеродроми, хотели, гранични премини се даваат податоци на исчезнати деца за нивно брзо пронаоѓање. Од скоро Амбер алерт функционира и во соседна Србија.
-Во случај на исчезнување на малолетно дете, се испраќа итно известување во медиумите на секои 30 минути. Предвидено е медиумите да ја прекинат програмата и да објават фотографија од исчезнатото дете со основни информации. Потоа мобилните оператори испраќаат пораки на своите корисници за исчезнатото дете, заедно со линк до веб-страницата на Министерството за внатрешни работи. Во рамките на овој систем е предвидено ЈП „Патишта Србија“, аеродромот „Никола Тесла“, автобуските и железничките станици на своите екрани да објавуваат информации за исчезнувањето на детето. Системот се активира кога животот на детето ќе биде во опасност, а ќе функционира така што телевизиските програми ќе се прекинуваат на секој половина час во првите осум часа по исчезнувањето.
По тие осум часа, до истекот на 48 часа од пријавувањето на исчезнувањето, емитувањето на објавата ќе мора да продолжи на секој час. Потоа медиумите повеќе не се обврзани да ги објавуваат информациите, освен ако полицијата не го побара тоа. Но, не се објавува секое исчезнато дете. Според системот, во оние ситуации кога објавувањето податоци за исчезнување дете го отежнува случајот, се меша во работата на полицијата и претставува опасност за жртвата, началниците на полициските управи ќе направат одлука за активирање на системот врз основа на јасно дефинирани пораки.
Девојчето по кое е именуван системот Системот „Амбер алерт“ (Amber alert), врз основа на кој е создаден „Фајнд ми“ (Find Me), е создаден во САД во 1996 година, а го добил името по Амбер Хагерман, деветгодишно девојче од Тексас кое било киднапирано и убиено. Вообичаената полициска практика во светот беше потрагата по исчезнати лица, вклучувајќи и деца, да започне по 24 или 48 часа, за да им се даде шанса на оние што во афект побегнале од дома да се вратат. На овој начин полицијата заштедувала ресурси, но трагичниот настан ги променил сите процедури и светот го добил системот „Амбер алерт“, кој во голема мера ги зголемува шансите за пронаоѓање на исчезнатите деца.
Анита Буховски ФАКТОР
ПОТРАГАТА ПО ВАЊА ВЛЕГУВА ВО ЧЕТВРТИОТ ДЕН: По што се разликува „Амбер алерт“ и зошто е толку ефикасен И по 72 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од центарот на Скопје нема ниту трага. Нејзината фотографија не се симнува од медиумите и од социјалните ....
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the organization
Telephone
Website
Address
Partizanska 9/9
Vranje
17500