SION KOM

SION KOM

Share

Удобност и квалитет се нашиот приоритет!

27/05/2026

Уште од 1886 година Копитарна произведува удобни кломпи подготвени да ве штитат од секакви ризици на работното место. Посебно е популарна нивната дрвена кломпа која беше и се уште е заштитен знак на Копитарна.
За нарачки и информации пишете ни во порака или јавете ни се на 078 391 031

23/05/2026

Некои велат дека сме цврсти но ние всушност сме флексибилни .
Легендарната дрвена кломпа на словенечкиот бренд Копитарна е вистинска кралица на удобноста.
#кломпиКпоитарна #дрвенакломпа #кломпи

22/05/2026

Заштитник за јога со терморегулациски својства.
Димензии 200 х 200
Последни залихи со -20%
Цената на производот е 3350 ден
Цена со пресметан попуст 2790 ден
fans

21/05/2026

ШТО ЗНАЕТЕ ЗА КОПИТАРНА?
Приказната за Копитарна започнува во далечната 1886 год во времето кога Словенија била под Австро - Унгарска власт. И таа приказна почнува во Севница во една малечка мелница која ја изнајмило германското семејство Винклер кое се занимавало со изработка на дрвени кломпи. Севница ги привлекла заради тоа што регионот бил богат со дрвја од јасики, тополи и врби. Семејството Винклер знаело дека тоа е добар матерјал за нивните дрвени кломпи. Дрвото од јасика е меко за обработка и лесно за носење. Токму затоа и се населиле тука. И така започнало се'
По Втората Светска Војна некаде околу 1948 год нивната малечка работилница преминува во општествена сопственост и тогаш го добива името КОПИТАРНА што во превод би значело - место каде што се произведуваат обувки. Копитар на словенечки е чевлар или кондураџија, а Копитарна би дошло нешто како чевларница. И така во нови општествени околности оваа малечка фабрика ги проширува капацитетите и што е најважно ги прифаќа зададените тогашно таканаречени ЈУ стандарди познати како ЈУС. ЈУ стандардите обезбедуваа загарантиран квалитет, природни матерјали и точни броеви. Овие стандарди се и ден денес одржани. Кломпите на Копитарна се изработени од кожа и дрво, носат загарантиран квалитет и имаат сигурни и точни броеви сега според таканаречените ЕУ стандарди.
Денес Копитарна е во приватна сопственост, сопственикот е Словенец и е една од ретките фирми која ја преживеа транзицијата на овие балкански простори. И еве веќе 138 години произведува високо квалитетни кломпи, обувки и ако не сте знаеле - Копитарна во светски размери е позната по производство на калапи за чевли изработени од кедар.
Задоволство и чест ни е што имаме можност да ги претставиме и понудиме нивните производи и на нашиов пазар и бескрајно сме благодарни на сите вас кои со уживање ги носите нивните кломпи.
За нарачки и други информации пишете ни во порака или јавете ни се на 078 391 031
#копитарнасекогашсовас
fans

20/05/2026

Заштитни и удобни кломпи од словенечкиот бренд Копитарна
#кломпи #дрвеникломпи

16/05/2026

Што велат потрошувачите 👇
"Многу е убаво кога ќе наидете на удобни обувки. Оние кои не ве притискаат, оние во кои дише стопалото, оние во кои едноставно летате. И тогаш не се одвојувате од нив. Јас овие си ги носам цело лето по цел ден и насекаде. За во зима убаво ќе си ги пребришам и исчистам па цела зима си ги носам дома. Многу ми се погодени"
😊
#копитарна #кломпи
Споделете го постот ако и вие имате слични искуства со кломпите на Копитарна. Поинаку е кога вашите пријатели ќе чујат дирекно од вас 💞💕💞

11/05/2026

Заштитни и удобни кломпи од словенечкиот бренд Копитарна достапни во Сион Ком Охрид. За нарачки и повеќе информации пишете ни или јавете се на 078 391 031
#заштитникломпи #удобникломпи

Telephone

Website

Opening Hours

Monday 10:00 - 14:00
17:00 - 20:00
Tuesday 10:00 - 14:00
17:00 - 20:00
Wednesday 10:00 - 13:00
17:00 - 20:00
Thursday 10:00 - 13:00
17:00 - 20:00
Friday 10:00 - 14:00
17:00 - 20:00
Saturday 10:00 - 14:00
17:00 - 20:00