ADVISING PRO
Сметководство, даноци и финансиско управување за компании кои бараат контрола, јасност и усогласеност
Во ADVISING PRO ние веруваме во тоа дека клиентите се на прво место, и секогаш сме насочени кон излегување во пресрет на вашите потреби и да ги надминеме вашите очекувања. Без разлика дали е проактивен бизнис совет или традиционални сметководствени услуги, или вашиот стратегиски бизнис план, приоѓаме кон задачата со посветеност која можете да ја очекувате од етаблирана и високо доверлива фирма.
07/05/2026
📍 Advising Pro на PANTHEON еФактура настанот
Нашата Emilija Kantardjipandeva присуствуваше на PANTHEON еФактура настанот, организиран од Datalab Македонија — компанија со која Advising Pro има долгогодишна успешна соработка.
Настанот беше посветен на еФактурата, дигиталните PANTHEON еСервиси и практичните насоки за подготовка на компаниите за новиот начин на фактурирање.
Пораката е јасна: компаниите треба навреме да се подготват.
Со целосната примена на еФактурата до крајот на 2026 година, важно е процесите, податоците и системите да бидат усогласени пред промената да стане секојдневна обврска.
Advising Pro веќе е усогласен со новите насоки и активно им помага на своите клиенти да ја направат оваа транзиција навремено, правилно и без непотребни компликации.
Благодарност до Datalab Македонија и PANTHEON за корисниот настан и практичните искуства.
#еФактура #Дигитализација #Сметководство #Финансии
06/05/2026
📍 Адвајзинг Про на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители
На 6 мај 2026, во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, нашиот Николчо Митев зема учество како панелист говорник на Поткаст во „живо“: Инвестиција во едукација, во рамки на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители.
Поткастот беше организиран од студентите и беше посветен на теми кои се исклучително важни за младите професионалци: прво работно место, практично искуство, сертифицирање, личен развој и подготовка за иднината на сметководството и финансиите.
Една од клучните пораки кои беа споделени е дека времето е најважната инвестиција. Дел од времето што секојдневно се троши на социјални мрежи може да се насочи кон нешто што создава реална вредност — пракса, учење, сертификација и развој на вештини кои носат предност уште на почетокот на кариерата.
Воедно, беше истакната и важноста од рано запознавање и користење на AI алатки, не како замена за знаење, туку како поддршка за побрзо учење, подобра организација, поголема продуктивност и поефикасна работа.
Како компанија, веруваме дека едукацијата не завршува со диплома. Таа продолжува преку пракса, менторство, сертифицирање, дисциплина и подготвеност за прифаќање на новите технологии.
Благодарност до студентитете, организаторите и сите учесници за одличната дискусија и позитивната енергија.
Горди сме што Адвајзинг Про беше дел од разговор кој ги охрабрува младите да инвестираат во себе, во своето знаење и во својата професионална иднина.
07/01/2026
💫Христос се роди, за многу години!
🙏Среќен Божиќ
31/12/2025
🎊 Среќна Нова 2026-та Година
Нека 2026 ви донесе јасни цели, храбри одлуки и резултати што зборуваат сами за себе.
Повеќе мир, помалку хаос. Повеќе ред, помалку импровизации.
Многу сила, фокус и среќа - и сè да е возможно.
Од срце,
Среќна и успешна година!
Тимот на Адвајзинг Про Акаунтинг
20/12/2025
📋 Крајот на годината е хаотичен за секој бизнис.
Фактури, биланси, даноци, ревизија… и сето тоа додека работата не мирува.
Затоа решивме да ви ја олесниме работата:
🎯 Креиравме бесплатна Годишна Контролна Листа – специјално за директори и менаџери.
✅ Јасно, прегледно, сè што ви треба за да ги подготвите документите за даночно пријавување и ревизија – без пропусти и паника.
📥 Преземете ја бесплатно и завршете ја 2025 со ред и мирна глава.
🔗 https://checklist.advisingpro.mk
10/12/2025
Со гордост објавуваме дека Advising Pro Accounting официјално е сертифицирана со ISO 9001:2015 — меѓународно признат стандард за квалитет на управување.
Што значи ова за вас како клиенти?
✅ Уште поголема структура и конзистентност
✅ Стандарди за квалитет при сите процеси
✅ Прецизност, отчетност и доверба на највисоко ниво
Овој сертификат само ја потврдува нашата мисија — да донесеме структура и сигурност во вашите финансии.
📌 Благодарност до сите клиенти кои ни веруваат и ни дадоа можност да растеме заедно.
👉 Подгответе ја вашата компанија за 2026 со сертифициран партнер по светски стандарди.
26/11/2025
Придружете ни се 👇🙂
Global Entrepreneurship Week Strumica 2025
„Претприемништво во 2026: Предностите што младите ги имаат во новата ера“
🗓️ 27 ноември | 🕕 18:00 | 📍 Europe House Струмица
Струмица како дел од глобалното движење за претприемништво!
Дали си млад човек со големи соништа, но не знаеш од каде да почнеш? Сакаш да дознаеш како навистина изгледа патот до успех?
Овој настан не е само панел дискусија - туку вистинска можност да:
🔹 Поставиш прашања и добиеш одговори
🔹 Се поврзеш со успешни претприемачи
🔹 Бидеш слушнат/а, охрабрен/а и поддржан/а
Гости ќе бидат локални претприемачи кои отворено ќе го споделат својот пат и искуство, и ќе дискутираат на тема кои предности ги имаат младите денес:
Митко Андонов, Никола Митев, Димитар Тоцекаја, и Глигор Ризов.
По завршувањето на панелот, предвидена е и кратка сесија посветена на локални стартапи и градење на заедница и mindset.
Па доколку сте започнале или размислувате за стартап, ова е настан на кој мора да присуствувате. Пријавете се!
Доколку си и ти претприемач - повели! Сподели го твоето знаење, мотивирај и поврзи се со новата генерација. Заедно ја градиме бизнис заедницата на Струмица.
🎟️ Бројот на места е ограничен! Пријави се овде:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSelmrDY-dibuZ_hp8cpLZUFGgMcgD4YMJuY1SRQ8ZAlWs514A/viewform
Настанот е реализиран од страна на Vita Honesta, со поддршка на Startup Macedonia, EU House и GEW Macedonia.
#Претприемништво #МладиВоБизнис #Вмрежување
20/11/2025
💸 Каде ви исчезнува готовината?
Компанијата изгледа профитабилна… ама на крај на месецот, нема готовина.
🔍 Ова се 3 црвени знамиња дека можеби губите контрола врз ликвидноста:
✅ Продажбите растат, но салдото на сметка паѓа.
✅ Побарувањата каснат, клиентите плаќаат со задоцнување од 60+ дена.
✅ Складиште полно, а готовина празна – преголем инвентар.
💡 Профит ≠ Готовина.
Постојат компании што изгледаат профитабилно на хартија – но во реалност, плаќаат со кредит.
🎯 Ако ги препознаваш овие симптоми, време е за анализа на cash flow.
Во Advising Pro, токму ова го откриваме со нашите клиенти – и поставуваме структура за вистинска контрола.
📌 Пиши ни или јави ни се и да откриеме заедно како можеме да го подобриме твојот бизнис
📱078 346 788
📍Ленинова бр.14/1-1 Струмица
18/11/2025
📊 Месечно следење = долгорочна стабилност.
Повеќето директори ги гледаат бројките еднаш годишно – кога е веќе доцна.
Но лидерите што се подготвени за раст, следат KPI секој месец.
Во оваа објава ви ги даваме 5‑те најважни финансиски индикатори што директорите на средни и големи компании не смеат да ги игнорираат.
Дали ги следите сите?
📌 Следи нè – наскоро објавуваме детална PDF листа со KPI формули и примери за пресметка.
📱078 346 788
📍Ленинова бр.14/1-1 Струмица
14/11/2025
📋 Како да се подготвите за финансиска ревизија?
Дали се ближи крајот на фискалната година и очекувате ревизија?
Не чекајте ревизорот да ве изненади – вие бидете чекор понапред.
Добрата подготовка не само што ги намалува ризиците, туку покажува дека вашиот бизнис има структура, отчетност и зрелост.
Во Advising Pro често работиме со компании во зрел фаза на раст кои сакаат ревизијата да помине прецизно и без стрес.
Еве што треба да направите уште оваа недела 👇
✅ Потврдете ги сите фактури и документи
📂 Организирајте ги трошоците по категории
📄 Прегледајте ги договорите и обврските
👥 Спремете го тимот – ревизијата не е задача на една личност
⏳ Секоја неусогласеност што ќе ја фатите денес, може да ве спаси од проблем утре.
📌 Во следните објави ќе зборуваме и за најчестите ревизорски забелешки – но сега, направете ја вашата проверка.
🗣️ Дали вашата компанија веќе почна со подготовка за ревизија?
Contact the business
Telephone
Website
Opening Hours
| Monday | 08:00 - 16:00 |
| Tuesday | 08:00 - 16:00 |
| Wednesday | 08:00 - 16:00 |
| Thursday | 08:00 - 16:00 |
| Friday | 08:00 - 16:00 |
| Saturday | 08:00 - 16:00 |
| Sunday | 08:00 - 16:00 |