Macedonian Political Science Association

Macedonian Political Science Association

Share

Association of political scientists in the Republic of Macedonia.

19/12/2019

15/12/2019

ПОВИК ЗА ГОДИШНАТА ПОЛИТОЛОШКА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА 2019
Почитувани,
Македонското политолошко друштво и Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје, имаат чест да ве поканат да учествувате на Годишната научна конференција на Македонското политолошко друштво на тема
„ Нови политики, пристапи и концепти во процесот на реформи и европски интеграции “
Конференцијата ќе се состои од следните три тематски целини на кои можете да ги пријавите своите апстракти односно трудови кои подоцна ќе бидат објавени во електронски издание на Зборник на трудови од конференцијата со Меѓународен уредувачки одбор:
Перспективите на евроинтеграцискиот процес во земјата и регионот
Демократска рецесија, прогрес или перманентен статус кво – состојба на демократијата во земјата и регионот во пост-Бриселскиот период:
Влијанието на хибридните закани врз демократијата
Конференцијата ќе се одржи до крајот на Декември 2019 година, во Скопје, во просториите на универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје.
Ве молиме своето учество да го пријавите најдоцна до 19 Декември 2019 година.
Пријавата со абстракт треба да ги содржи името и презимето на авторот, институцијата од која доаѓа, панелот на кој се пријавува како и темата на презентацијата.
Потребно е да се достави и краток абстракт од 300 збора. Абстрактот можете да го испратите на маил: [email protected];
Избраните трудови ќе се објават во Зборник од конференцијата во електронска форма.
За какви било дополнителни информации контактирајте ги следниве лица:
Проф. д-р Марјан Ѓуровски – претседател на МПД
[email protected];
Доц. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска– генерален секретар на МПД
[email protected];

29/11/2019

ПОВИК ЗА
ГОДИШНАТА ПОЛИТОЛОШКА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА 2019
Почитувани,
Македонското политолошко друштво и Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје, имаат чест да ве поканат да учествувате на Годишната научна конференција на Македонското политолошко друштво на тема:
„ Нови политики, пристапи и концепти во процесот на реформи и европски интеграции “
Конференцијата ќе се состои од следните три тематски целини на кои можете да ги пријавите своите апстракти односно трудови кои подоцна ќе бидат објавени во електронски издание на Зборник на трудови од конференцијата со Меѓународен уредувачки одбор:
Перспективите на евроинтеграцискиот процес во земјата и регионот Демократска рецесија, прогрес или перманентен статус кво – состојба на демократијата во земјата и регионот во пост-Бриселскиот период: Влијанието на хибридните закани врз демократијата
Конференцијата ќе се одржи на 19 Декември 2019 година, во Скопје, во просториите на универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје.
Ве молиме своето учество да го пријавите најдоцна до 12 Декември 2019 година.
Пријавата со абстракт треба да ги содржи името и презимето на авторот, институцијата од која доаѓа, панелот на кој се пријавува како и темата на презентацијата.
Потребно е да се достави и краток абстракт од 300 збора. Абстрактот можете да го испратите на маил: [email protected];
Избраните трудови ќе се објават во Зборник од конференцијата во електронска форма.
За какви било дополнителни информации контактирајте ги следниве лица: Проф. д-р Марјан Ѓуровски – претседател на МПД [email protected];Доц. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска– генерален секретар на МПД [email protected];

29/09/2019

Собрание на Република Северна Македонија објави оглас за шест (6) позиции во Парламентарен институт на Собранието на Република Северна Македонија Во продолжение можете да ги видите позициите, а на овој линк да се пријавите: http://prijava.aa.mk/ #/announcementDetails/700 Огласот трае петнаесет (15) дена од денот на објавување.

8. УПР0101Б04000 Раководител на oдделение за правни анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции, Посебна организациона единица - Парламентарен институт

9. УПР0101В01000 Советник-истражувач и аналитичар по современи политички системи, Одделение за општи анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции, Посебна организациона единица-Парламентарен институт

10. УПР0101В01000 Советник-истражувач и аналитичар по демократија и владеење на правото, Одделение за општи анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции, Посебна организациона единица-Парламентарен институт

11. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива, Посебна организациона единица-Парламентарен институт

12. УПР0101В01000 Советник за ИКТ, Одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива, Посебна организациона единица - Парламентарен институт

13. УПР0101В03000 Соработник за административна поддршка, Одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива, Посебна организациона единица-Парламентарен институт

prijava.aa.mk

Photos from Macedonian Political Science Association's post 29/09/2019
Photos from Macedonian Political Science Association's post 28/09/2019

Средба меѓу Деканот на Факултетот за политички науки при Белградскиот Универзитет проф.д-р Драган Симиќ и Претседателот на Македонското политолошко друштво проф.д-р Марјан Ѓуровски.

25/09/2019

На покана на мисијата на САД во НАТО во Брисел престојуваа Претседателот на македонското политолошко друштво доц. д-р Марјан Ѓуровски и неговите заменици проф. д-р Ризван Сулејмани и проф. д-р Горан Илиќ. Тие земаа учество во програмата наменета за креатори на политики во земјата.

Photos from Macedonian Political Science Association's post 11/09/2019

Седница на Извршниот одбор на Македонското политолошко друштво.

04/06/2019

Aкадемска дебата:Дали ЕУ изборите ќе влијаат на стартот на преговорите со Република Северна Македонија?

Photos from Macedonian Political Science Association's post 04/06/2019

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје и Македонското политолошко друштво потпишаа меморандум за соработка

На 3.06.2019 год. Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„-Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски и Претседателот на Македонското политолошко друштво доц. д-р Марјан Ѓуровски потпишан Меморандум за унапредување на заедничката соработка во функција на развивање на активности. Се воспостави стручна, едукативна, научна и истражувачка соработка меѓу УКИМ и МПД во функција на потикнување на едукативна и научно-истражувачка работа во научните, стручните и наставните области од обостран заемен интерес и теми кои произлегуваат од современите политолошки прашања и други предизвици. Целта е да се развијат поефективни, емпириски, теренски базирани стратегии и истражувачки проекти и др.
На потпишувањето покрај членови на Извршниот одбор на Македонското политолошко друштво, присуствуваа и други професори од факултетите од УКИМ и другите Универзитети во земјата.

Photos from Macedonian Political Science Association's post 04/06/2019

Aкадемска дебата:Дали ЕУ изборите ќе влијаат на стартот на преговорите со Република Северна Македонија?

Македонското политолошко друштво и Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ во универзитетскот кампус на 3.06.2019 година организираа академската дебата на тема „Влијанието на ЕУ изборите врз процесот на интеграции на Западен Балкан со посебен осврт на Република Северна Македонија”. На почетокот свои обраќања имаа Ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски и Претседателот на Македонското политолошко друштво доц. д-р Марјан Ѓуровски.
Воведничар на дискусија беше Амбасадорот на Република Франција Н.Е. Кристијан Тимоние, а свои излагања имаа: проф. д-р Иван Дамјановски од Правен факултет-Скопје, проф. д-р Никола Дујовски од Факултет за безбедност-Скопје, проф. д-р Горан Илиќ од Правен факултет-Кичево, проф. д-р Ило Трајковски од Филозофскиот факултет, проф. д-р Ирена Кикеркова од Економски факултет-Скопје, м-р Драган Тилев од Секретаријат за европски прашања при Владата на РСМ, проф. д-р Ветон Љатифи од Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Даниела Мамучевска од Економски факултет-Скопје и проф. д-р Ризван Сулејмани од Универзитетот „Мајка Тереза„-Скопје. На дебатата присуствуваа повеќе професори и студенти од повеќе факултети од државните Универзитети.
Имајќи ги во предвид резултатите од ЕУ изборите, академска дискусија при полната сала во Ректоратот даде одговор на дел од прашањата дали ќе има влијание новиот состав во Европскиот Парламент врз процесот на зачленување на Република Северна Македонија и регионот во ЕУ, како и најавениот почеток на преговорите со нашата држава.

Want your business to be the top-listed Recruitment Company in Belgrade?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Address

Jove Ilića 165
Belgrade